Нов патент на Apple покажува вграден Touch ID на екранот на iPhone и iPad

Apple поднесе патент кој разoткрива каква може да биде иднината на Touch ID.

Неговото име е „Сензор за отпечатоци во електронски уреди” и покажува дека американската компанија работи на можноста тој да биде поставен директно во екранот на iPhone или iPad, наместо под „home“ копчето, како што е во моментов. На овој начин отпечатокот на корисниците ќе може да биде скениран кога тие ќе притиснат одредено место на екранот на смартфонот или таблетот.

Apple-files-for-a-patent-on-a-touchscreen-fingerprint-scanner.jpg-4

Новиот систем на Apple може да обезбеди уште поголема безбедност при идентификација, преку истовремено скенирање не само на еден, туку на неколку отпечатоци од прсти. Тоа би можело да се случува кај поголеми уреди како iPad, со користење на целиот простор на таблетот – за петте прсти или целата дланка.

Во поднесениот патент, Apple забележува дека кај претходните обиди за вградување на сензор на екранот требало да се додадат слоеви кон екранот, што водело до влошување на квалитетот на сликата, како и до проблеми при препознавање на отпечатоци. Технолошкиот гигант планира да го избегне ова, поставувајќи го сензорот како интегрирано коло, користејќи проводен транспарентен материјал како индиев оксид, или како целиот панел на екранот.

Интересот на Apple кон оваа технологија не е нов – тој е пројавен благодарение на компанијата AuthenTec која го создаде Touch ID. Во 2013 година беше објавен нејзин патент, а потоа беше претставен iPhone 5s со сензор за отпечатоци.

a

 

 

- Реклама -