Оваа фотографија му го спаси животот

Детево и го должи животот на тетка му која на фотографијата забележала сенка во неговото око.

Мајката на Тејлор Тредвел ги направила фотографиите со намера да ги испрати во агенција за бебиња-фотомодели. Била горда на својот син и воодушевена од тоа како излегла фотографијата, па и ја пратила на својата сестра. Но, наместо честитка, сестра и ја предупредила дека постои некаква сенка во окото на 3-годишниот Тејлор и ја советувала дека треба да ја проверат на доктор.

Докторите им соопштиле дека детето има редок канцер – ретинобластома во неговото лево око и дека е слепо на десното око. Претходно побарале да ги видат сите фотографии од детето, по што се востановило дека дамката ја имало и на фотографијата направена на 4-тиот ден од неговото раѓање.

„Ја имав забележано дамката и порано, но мислев дека потекнува од блицот на камерата. Се прашувам дали отсекогаш имал рак…“, вели несреќната мајка.

Тејлор беше подлежан на третман во болницата Great Ormond Street, каде што примаше хемотерапија, и покрај ризикот да го изгуби окото, ако не биде успешна. По отпуштањето од болница, родителите на Тејлор беа контактирани од едно хуманитарно здружение за деца со канцер на очите, кое побара Тејлор да биде фотомодел во нивните постери преку кои ги предупредуваат родителите на кои симптоми треба да обрнат внимание.

Инаку, терапијата поминала успешно, и покрај тоа што Тејлор изгубил доста тежина и станал летаргичен. Сепак, канцерот е повлечен, иако со можност да се врати, но докторите се оптимисти дека еден ретината ќе се опорави и на Тејлор ќе му се врати видот, барем делумно.

- Реклама -