Зеленски ги повика сојузниците да ја забрзаат поддршката за Украина: „Нема алтернатива за нашето членство во ЕУ и НАТО“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците да ја „забрзаат“ поддршката за неговата земја, која беше нападната од Русија пред речиси една година, и нагласи дека „нема алтернатива за победата на Украина“.

„Ни треба брзина. Брзина за склучување договори, брзина во испораките за зајакнување на нашата борба, брзина во одлуките за ограничување на рускиот потенцијал. Нема алтернатива за брзината, бидејќи животот зависи од тоа“, рече тој во видео обраќањето во Минхен на Конференција за безбедност.

Зеленски додаде дека „нема алтернатива и за поразување на Украинците и за Украина во Европската унија и НАТО“.

„Јасно е дека Украина нема да биде неговата последна фаза. Тој ќе ја продолжи својата офанзива кон другите земји од поранешниот советски блок“, рече Зеленски за рускиот претседател Владимир Путин.

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ

МИА

- Реклама -