Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека не може да се согласи со оценката дека Србија е „заглавена“ во евроинтеграциите, но признава дека може да се каже дека одат полека.
Според него, доколку Србија ја признае независноста на Косово и воведе санкции кон Русија, веднаш ќе биде примена во ЕУ.
Во гостувањето на РТС, српскиот претседател зборуваше и за ископот на литиум, но и за гасниот аранжман што го обезбедил за Србија со рускиот претседател Владимир Путин.
Рече дека со Путин имал добар разговор, меѓу другото и за гасот, и дека се договорени добри цени кои за Србија се драстично пониски.
Извор: МИА