Во случај на пожар, повикај ракометари

Screen-Shot-2016-03-09-at-5.54.48-PM.png[1]

Откако беа измислени уште пред 200 година, противпожарните апарати имаат солидно резиме на спасени животи и спречено ширење на пожари. По правило, противпожарните боци под притисок ги има во секоја зграда и им овозможуваат на тие во опасност да ја избегнат непосредната опасност додека пожарникарите се на пат.

Од друга страна, имаат и некои недостатоци. Не баш деталните инструкции се причина што во многу случаи, луѓето во паника ги прскаат хемиските раствори директно во пламенот, наместо преку запалената содржина. Уште повеќе, апаратите имаат ограничен домет и подразбираат да сте на одредена близина до огнот, што се разбира, е исто така ризично.

Затоа, германскиот стартап Elide понуди нов, револуционерен „наједноставен и најбрз начин да се изгаси оган“. Се работи за Elide Fire Ball, направа во облик на топка што може да биде фрлена (наместо носена) од секого и инстантно го гаси оганот.

417075_81_47966_cj3yLhdUY[1]

Тежи 1.5 килограм и нема некакви посебни инструкции, едноставно ја фрлаш во огнот и чекаш да „експлодира“ и да го изгаси. Најдобриот дел е што не може да пукне самата од себе или при силен импакт – наместо тоа, се активира на одредена температура.

Покрај како апарат за гаснење, може да има и дупла примена како противпожарен аларм, бидејќи емитува силен звук од нешто помалку од 140 децибели кога ќе „намириса“ оган.

Се препорачува да се постави на местата со висок ризик од пожар, како во кујните, кај електричните кола, кај преоптоварените штекери или до камините, а при пасивна употреба, кога нема никој што е присутен, држачот сам се активира и ја праќа топката „во акција“.

Уште еднаш се потврдува дека добриот дизајн подразбира едноставност и функционалност како клучни концепти на успешен продукт, особено кога се работи за животи во опасност. Elide Fire Ball докажува дека секогаш треба да се  стремиме кон подобрување, дури и кога се работи за нешто толку ефикасно како што е противпожарниот апарат. Креаторите се надеваат дека оваа направа ќе спаси уште повеќе животи и ќе им ја олесни работата на пожарникарите и ќе им овозможи да реагираат каде што е навистина најпотребно.

- Реклама -