Home Спорт Вардар и Металург ја освојуваат ракометна Европа

Вардар и Металург ја освојуваат ракометна Европа

0

За прв пат во историјата два тима од Македонија се најдоа во Топ 8 од Лигата на шампионите.

„Македонска револуција, Вардар и Металург во Топ 8“ е и насловот на  престижниот ракометен портал handball-planet за  нивниот пласман во четврт-финалето.

„Вугринец и Атман го испратија Металург во четврт-финалето”, „Вардар направи сензација го елиминираше Хамбург” се насловите од извештаите на официјалната страница на Лигата на шампионите.

„Македонците го исфрлија Колдинг од Лигата на шампионите” и „Шампионот е елиминиран” се насловите во некои од данските и германските медиуми.

Македонска историја во Хамбург: Вардар го елиминираше европскиот шампион!

Швалб: Вардар беше подобар од нас

“Сакам да му честитам на Вардар, кој уште во првиот меч докажа дека е одличен тим. Уште на самиот почеток се виде дека ќе ни биде тешко да победиме. Игравме добро во одбраната, но правевме многу грешки во нападот, делувавме бавно, а тоа противникот го искористи. Некои од нашите играчи очигледно дека немаа свој ден, во финишот се обидовме да се вратиме во игра, но за жал не успеавме. Вардар е во четвртфиналето, елиминацијата боли, но денеска тој беше подобар противник. Сакавме да одиме во Келн и да го браниме трофејот, за жал тоа нема да се случи”, изјави по натпреварот тренерот на Хамбург, Мартин Швалб.

Видео од соблекувалната на Металург: Срцево чука за тебе

Погледнете ја атмосферата од соблекувалната на Металург по големиот триумф над Колдинг и пласманот во четвртфиналето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here