Тој купува луксузни автомобили и ги продава по двојна цена

Питер ван Нелтвијк не е обичен колекционер на автомобили.

Милионерот од Монако заработува пари од недвижности, но вложува дел од нив во продажба и купување на најновите и луксузни автомобили во светот.

Кога некој производител на суперавтомобилите ќе пушти нов модел на пазарот, Питер ван Нелтвијк го купува.

„Ако имате среќа и купите еден од овие автомобили, тогаш по некое време ќе можете да го продадете по двојна цена”, вели тој за CNN Money.

Прочитај повеќе: Зошто сите во Монако се богати

Има премногу голема побарувачка на слични автомобили … исто како и кај недвижностите во Монако. Тие се добра инвестиција.

Колекцијата на Питер вклучува McLaren P1, Ferrari, Porsche, Aston Martin, Range Rover и др.

Милионерот ги вози автомобилите, а откако ќе му здодеат, тој ги продава. Согласно пресметките, од 1980-тата година до денес купил и продал повеќе од 100 возила.

Питер ван Нелтвијк платил 1.2 милиони долари за својот McLaren P1, но се очекува да го продаде овој автомобил, кој е еден од 375-те модели  во светот, по двојна цена.

- Реклама -