Зошто сите во Монако се богати?

Кои мисли ви паѓаат на ум кога ќе го слушнете зборот Монако?

Казина, јахти, скапи автомобили…

Сите знаеме дека Монако е главен град на луксузот. Во малата држава живеат едвај 38 000 луѓе, а еден од тројца е милионер.

Државата има највисок БДП по глава на жител во светот. Зошто? Главната атракција се ниските даноци. Данокот на доход, всушност, не постои од 1869 година, а останатите даноци се многу ниски. Тоа привлекло богаташи од 100 држави кои ја промениле постојаната адреса.

Некои од најпознатите граѓани на Монако се возачот од Формула 1 Луис Хамилтон и тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ, кои живеат таму токму поради даноците.

Освен даноците, во Монако на луѓето им се допаѓа и „атмосферата“. Времето е убаво во текот на речиси целата година, земјата е политички стабилна, а 365 дена се одржуваат елитни настани како Grand Prix и др.

mon2(1)

До Монако се стигнува лесно од аеродромот во Ница (Франција). Многу богаташи го преферираат Монако пред офшор териториите како Кајманските острови. На такви далечни дестинации луѓето се чувствуваат како во прогонство. Во Монако, сепак, не постои такво чувство.

Монако е голем колку Централ Парк во Њујорк.

Пазарот на недвижности тука е еден од најскапите во светот. Има голема побарувачка, а цените се високи. Луксузните имоти чинат 50% повеќе од оние во Њујорк!

Друг голем бизнис се јахтите. Многу често покрај станот, можат да ви продадат и малку помала јахта.

Финансискиот сектор во Монако е одговорен за 17% од приходите на економијата. Она што може да ве зачуди е тоа што Монако не е место за мирно трошење за богатството. Овде постојано се слуша звукот на моќните автомобили. Дури во пентхаус на горните катови одекнува бучавата на моторите на супер автомобилите кои „се фалат“ по улиците. Голем дел од туристите доаѓаат тука, само за да прават слики на луксузните автомобили.

- Реклама -