Телефонски разговор на Заев и Ципрас, се договориле да преземат заеднички иницијативи „за поддршка и имплементација на Договорот од Преспа“

Поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев денеска, во телефонски разговор, ја истакнале важноста на доследното придржување до Договорот од Преспа и соработката на двете земји, како за европската перспектива на земјава, така и за мирот и стабилноста на Западен Балкан во, како што оцениле, период на големи тензии во регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас и Заев разговарале за политичките случувања кај нас, при што „посочиле и колку е лицемерен и опасен националистичкиот популизам што се развил и на двете страни“, пренесува МИА.

Воедно, тие се договориле во следниот период да преземат заеднички иницијативи „за поддршка и имплементација на Договорот од Преспа, за „унапредување на односите меѓу народите на Грција и Северна Македонија“ и за мирот и стабилноста во поширокиот регион.

- Реклама -