Инженерите од Институтот Карнеги Мелоун во Питсбург, Пенсилванија, развија светла кои ја подобруваат видливоста при снег или дожд. Новите светла го намалуваат сјајот при дождови и даваат подобра прегледност на возачот.
Системот се состои од дигитални проектори, камери и огледала кои овозможуваат да се регистрираат капки кои допрва ќе паѓаат. Компјутерот со помош на специјална програма обработува проток од слики и предвидува траекторијата на капките.
Во согласност со овие податоци, на проекторот излегува специјална слика со обележувачи кои одговараат на располагање на капките, благодарение на која се осветлува само просторот меѓу нив. Ова помага за отстранување на сјајот и ја подобрува видливоста при лошо време.
Во овој момент системот е тестирана на хибридниот Toyota Prius, а тој работи само на 3-4 метри пред автомобилот. Тестовите покажуваат дека при движење со 30 km/h технологијата која е создадена компоненти што се достапни на пазарот, ја подобрува видливоста за 70%. Според компјутерските пресметки овој показател може да се зголеми до 96.8%. Не е познато кога системот ќе може да се појави во сериски автомобили.
Објавено во соработка со Авто Плус.