
Првиот турнир ќе се одржи во Грција од 4 до 6 јуни 2027 година. Македонија на 4 јуни ќе игра против домаќинот, а на 5 јуни ќе се соочи со Норвешка, со која првпат ќе игра во Европската лига.
Вториот турнир е закажан во Чешка од 11 до 13 јуни. Македонската репрезентација на 11 јуни ќе игра со Чешка, а на 12 јуни против Босна и Херцеговина.
Според распоредот на CEV, Македонија ќе биде организатор на третиот турнир од 18 до 20 јуни. На 18 јуни ќе ја пречека Словачка, додека на 20 јуни ќе игра против Австрија.
Грција е противник со кој македонските одбојкари ќе се соочат четврта година по ред во официјално натпреварување.
Дополнително ќе бидат познати и имињата на другите тројца коорганизатори.
Учество имаат потврдено и најдобрите четири селекции од Европската лига 2026: Финска, Холандија, Данска и Израел. Листата ќе биде комплетирана со четирите најдобри репрезентации од Европската лига 2027, додека преостанатите 11 места ќе се распределат според ранкингот на CEV по завршувањето на Европската лига 2027 и ФИВБ Лигата на нации 2027.






