Стоилковски: Чудно е што Ковачевски денеска држи состаноци за предлози што претходно ги одби, најчудно е што самопрогласени патриоти сега ја бранат ДУИ

Ковачевски треба да си поднесе оставка, а нервозата е во СДСМ затоа што ДУИ оди во опозиција, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, прашан што очекува од состаноците во СДСМ.

„Чудно е што Ковачевски денеска држи состаноци за предлози што претходно ги одби, што е доказ за негова погрешна проценка. Би требало да поднесе оставка и заради тоа и заради сите кризи што во коишто ја втурна Македонија“, порача Стоилковски.

Според него, во СДСМ има нервоза, а причина е што, како што вели, ДУИ оди во опозиција.

„Нервозата е во СДС затоа што ДУИ оди во опозиција и дел од разумните во таа партија знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води бескомпромисна борба со криминалот во сите редови. Ако не грешеле не треба да се нервозни. Очекуваме Ковачевски да си поднесе оставка“, рече Стоилковски.

Сепак, вели тој, најчудни се обидите од „самодекларирани патриоти“, како што ги нарече, да ја задржат ДУИ на власт.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

„Најмногу зачудува тоа што самодекларирани патриоти всушност сега се борат ДУИ да остане на власт, а Македонците да се поделени. На крај на памет немало да ни падне дека љубовта кон ДУИ на овие патриоти е толкава што се подготвени државата да ја остават да тоне во криминал и безредие, хаос и безидејност на чело со ДУИ. Или не се свесни што прават сега, или се дел од мафијашката спрега и структура на чело со ДУИ, односно поединци од ДУИ. Разбираме дека има поединци и во СДС коишто се зависни, имаат бизниси и криминал со ДУИ, но да ги потсетиме: едно од нашите ветувања беше дека ќе дојде крај на тоа и ќе се врати редот во државата“, истакна Стоилковски.

- Реклама -