Стејт Департмент: Бугарија да се придржува до своите меѓународни обврски за човековите права и да не го дестабилизира регионот

„Ја охрабруваме Бугарија да ги спроведува своите закони еднакво за сите етнички групи и да се придржува до своите меѓународни обврски за човекови права, како правото на слободно собирање“, изјавил за МИА висок претставник на Стејт Департментот, по повод годишниот извештај за Бугарија кој, патем, го испровоцира бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов „тие таму во Стејт Департментот“ да ги нарече „никаквеци“.

Според соговорникот на МИА, Преспанскиот договор меѓу Грција и Македонија покажал дека земјите од Западен Балкан се способни да завршат сложени работи, да направат компромиси и да дојдат до решение.

„Ние сме сигурни дека Бугарија и Северна Македонија ќе го сторат истото со преговарање околу нивните билатерални прашања, но тоа да се издвои од процесот за пристапување (на Северна Макодонија) во ЕУ“, порачал високиот претставник на Стејт Департментот.

Прочитајте и:  Николоски: Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 што ќе ја заобиколи Македонија и ќе ја направи слепо црево на Балканот

Според него, блокирањето на интегративниот пат на Северна Македонија кон ЕУ ризикува дестабилизација на нормалните блиски односи меѓу сојузниците од НАТО и може да го поткопа значајниот прогрес за продлабочување на регионалната соработка. Тоа би било загуба за секоја земја од јужна и централна Европа, вели тој.

Од Стејт Департментот додаваат дека САД се силен поддржувач на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

„Сметаме дека иднината на Западниот Балкан е директно поврзана со ЕУ. Процесот на проширување во регионот промовира долготраен мир, стабилност и просперитет“, велат тие.

- Реклама -