Совршен задник до лето

Целулитот е нормална појава. Го имаат дури и најслабите манекенки и славни личности. Сепак, тоа не значи дека не треба да се борите против него и ова лето задникот да ви изгледа најдобро што може.

Многу експерти велат дека не може да го тргнете сосема, но се согласуваат дека со правилен микс на исхрана, вода, вежбање, масажи и креми може да се сведе на минимум. Потребно е многу време, па затоа би било најдобро со вашата антицелулитна програма да почнете уште денеска!

1.Масажа и пилинг

Масажите се важен дел на процесот, но ако немаш пари за козметичар, масирај ги подрачјата со целулит дома. Најдобри се кружните движења, а секогаш масирај се од колената или зглобовите нагоре. Исто така, барем еднаш неделно користи антицелулитен пилинг кој можеш да го направиш и од мелено кафе, малку кафен шеќер и една лажица маслиново масло. Познато е дека кофениот ја поттикнува циркулацијата.

5252978152_77afb824e0_z

Важно предупредување: Ако имаш чувствителни капилари избегнувај антицелулитни масажи во салоните. Поради притисокот, капиларите може да ти испукаат што изгледа уште полошо од целулитот.

2.Исхрана

Кога е исхраната во прашање тука нема некоја филозофија. Мрсната храна, чоколадата и тортите ќе го зголемат твојот целулит, додека овошјето и зеленчукот ќе го забрзаат твојот метаболизам и ќе помогнат во намалување на масните наслаги и целулитот. Бирај салати, пилешки гради, немасна шунка со интегрален леб, нискокалорични јогурти и храна готвена на пареа, а со сето тоа обиди се да ја исфрлиш солта од исхраната. Таа ја задржува водата во телото.

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

3.Течности

tumblr_lgkc6th8pq1qd0n2io1_500

Внесувај што повеќе течности! Пиј многу вода во која можеш да исцедиш лимон или портокал, а познато е дека зелениот и жолтиот чај помагаат при отстранување на целулитот. Подготви голема количина незасладен чај, стави го во шишиња од половина и еден литар и пиј го во текот на денот.

4.Креми

Иако многумина тврдат дека кремите против целулит се најобична лага, постојат научни докази дека навистина делуваат. Секако, ако јадеш мрсна храна, не се движиш и не пиеш течности, нема да ти го отстранат целулитот, но ако ги вметнеш во „антицелулитниот микс“ може да покажат одлични резултати.

5.Вежби

Ако имаш прболеми со целулитот на задникот и колковите почни со жестоко вежбање. Супер ќе ти дојде кардио тренинг неколку пати неделно затоа што со потење ќе ги отстраниш штетните материи. Покрај тоа, секој втор ден пробај некои од следниве вежби

[youtube]http://youtu.be/FB0yUO5-9CY[/youtube]

- Реклама -