Случајни минувачи спасуваат мотоциклист

Случајни минувачи спасуваат мотоциклист (видео)По една сообраќајна несреќа во Логан, Јута, мотоциклист останал заробен под автомобилот со кој се судрил. Откако возилата се запалиле, случајните минувачи притрчале напомош, подигнувајќи го автомобилот и веројатно спасувајќи го заробениот човек од сигурна смрт.

Во мигов, градскиот совет на Логан е во потрага по добрите луѓе кои им помогнале на полицајците при спасувањето на животот на младиот, 21 годишен мотоциклист Брендон Рајт, локален жител. Советниците планираат и официјално да им оддадат почит за несебичното дело.

Автомобилот излегувал од паркинг во мигот кога на него налетал мотоциклистот и лизгајќи се, се заглавил под него. По ова херојско дело, младиот човек бил префрлен во болница, каде што во понеделникот му била извршена операција, по која се наоѓа во стабилна здравствена состојба.

- Реклама -