Еден од најзначајните но и најголем дел од секој вселенски брод е системот за одржување на животот.
Ако сакате да испратите луѓе на Месечината или Марс голем дел од просторот во вашето летало ќе биде потребен само за астронаутите да остнат живи. Но во иднината структурата која подржува живот би можела да биде дел од ѕидовите на леталото.
Новата идеја на NASA е да се замени комплицираната машинерија која е потребна за одржување на животот со концепт наречен Water Walls. Наместо машинерија Water Walls би биле биолошки структури составени од хексагонални полиетиленски вреќи полни со филтри, бактерии, алги и мембрани за осмоза кои ќе можат да се справат со сè, од преработка на цврст и течен отпад до прочистување на воздухот.
Алгите се интегрален дел од процесот бидејќи тие би биле и извор на храна за астронаутите. Модуларните вреќи или резервоари би биле евтини и едноставни за производство и не би имало потреба од нивно одржување. Со текот на времето, тие би можеле да станат и дел од надворешната структура на леталото со што би ги штителе астронаутите од радијација и би вршеле терморегулација.
На овој начин би биле заменети уште два неопходни елементи од леталото со што ограничената носивост на леталото би можела да биде искористена за опрема неопходна за мисијата. Дополнително бидејќи леталото би имало голем број од овие вреќи, оштетувањето на неколку не би било катастрофално за астронаутите. NASA вели дека овој систем би овозможил неколку годишни мисии. [Water Walls: Highly Reliable and Massively Redundant Life Support Architecture]