Што гледа пилотот, а не гледаат патниците

Ако глетката ви е важна, подобро место во авионот од пилотската кабина – нема. Пилотот на Катар Ервејс – Сандип Варма, неодамна објави видео од моментите непосредно пред слетувањето на аеродромот во Квинстаун, Нов Зеланд – предел кој се смета за еден од најживописните во светот.

Снимкава погоре, за волја на вистината, повеќе ја покажува онаа зезнатата страна на тоа да си пилот – замислете да немате инструменти и да слетате така, на слепо, преку густа магла од облаци.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

За среќа, снимката е исечок од едно постаро видео. Е таму веќе апла се гледа како пилотите уживаат во глетката додека вие се мачите да најдете место за нозете меѓу седиштата.

Кога сме веќе тука, да се потсетиме и на едно претходно слично видео. Ќе го најдете ТУКА.

- Реклама -