Американската авиокомпанија Crystal Cruises се пофали со проектот за својот нов раскошен авион.
Она што прво паѓа во очи кај Boeing 777-200LR е просторот и неговата поделеност на зони, пишува Luxury Launches.
Меѓу другото, патниците ќе имаат можност и да уживаат во елитен ресторан во кој ќе биде послужувана храна од професионален готвач од рангот на Мишелин, или да престојуваат во супер удобна дневна соба.
Предвидена е и огромна зона за одмор со подвижни седишта, ќе има и пункт за медицинска помош, па дури и винарска визба со селекција од 300 различни брендови на вино.
Што се однесува до ентериерот, тој е целосно хај-тек. Користени се најнови и скапи материјали, а притоа патниците ќе располагаат со најновите играчки на технологијата.
Раскошниот Боинг ќе собира до 84 патници, плус 12 членови на екипажот. Официјално ќе биде претставен во септември 2017 година.
На темата: Летањето беше многу позабавно пред 50-тина години