СДСМ: Силјановска пропушти да се огради, нека очекува пораз

На конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ само официјално се покажа дека Гордана Силјановска Давкова е кандидат по нарачка на Христијан Мицкоски и Никола Груевски, оцени портпаролот и пратеник на СДСМ – Костадин Костадинов, во одговорот на новинарското прашање за тоа како ја коментира очигледната поддршка што денеска Силјановска ја доби и од актуелниот претседател Ѓорге Иванов, кога заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николовски прошетаа низ Охрид.

„Што може да се каже за кандидат којшто денеска го гледаме како се шета со Ѓорге Иванов. Знаеме дека граѓаните не сакаат и нема да дозволат нов Ѓорге Иванов послушник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“, рече Костадинов.

„Гордана Силјановска вчера на конвенцијата можеше навистина да се огради од криминалните политики на Никола Груевски, да се огради од деструктивните активности на Христијан Мицкоски, во однос на напредокот на Република Северна Македонија, да се огради и да го осуди ширењето на говор на омраза на нејзините колешки, којшто и ја дадоа поддршката, за жал тоа не го видовме. Вчера видовме како Гордана Силјановска застанува и претставува уште една продолжена рака на Христијан Мицкоски, дејствувајќи деструктивно за напредокот на Република Северна Македонија. Оттука може јасно да порачаме дека на наредните претседателски избори Гордана Силјановска и Христијан Мицкоски може да очекуваат пораз“.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

- Реклама -