Со годините мажите почнуваат искрено да веруваат дека „пивскиот“ стомак не е недостаток на фигурата, туку своевиден симбол на машка зрелост и брачна среќа.
Ако ги прашаат жените по ова прашање, веројатноста да слушнат друго мислење е многу голема.
Пивскиот стомак е меѓу главните причини поради кои што еден маж треба да размисли за започнување на диета. Појавата на стомак кој што потсетува на бремена жена во последните недели пред терминот, главно се должи на три причини:
– многу седење или премногу време поминато зад воланот – Слабеење на косите мускули на абдоменот;
– возраста и стресната промена на хормоналниот баланс – фигурата стекнува женски тип, акумулација на масти на стомакот и колковите;
– и, се разбира, прејадување – вклучувајќи прекумерна употреба на пиво и газирани пијалаци.
При раст од околу 170 см и обем на половината повеќе од 94 см, кај мажите се појавува и ризик од акутна коронарна инсуфициенција, дијабетес, зголемен крвен притисок, кој што се оценува како среден. Кога половината ќе се зголеми до 101 см, ризикот е веќе висок.
Најдобри резултати од диета можете да се постигнете ако ја комбинирате промената во хранливото мени со зголемување на физичката активност.
Диетата за мажите треба да одговара на неколку услови – да биде балансирана и умерена, да вклучува храна богата со цинк и магнезиум, бидејќи тие се неопходни за тестостерон. Многу цинк има во храна како: – рибата и морските производи, сусамот, тиквата и семките од сончоглед, какаото, вареното месо, кокос и ореви, овесот, леќата, најсвежите шумски плодови, меѓу кои малини и дудинки. Многу магнезиум има во храна како: – Какао, соино брашно, грав и сушеното овошје.