Робот со неверојатни способности (видео)

Истражувачите од Институтот за Технологија од Илиноис имаат нов пристап кон создавање на летечки робот кој не може да биде запрен. Роботот е HyTAQ, или Hybrid Terrestrial and Aerial Quadrotor, кој користи цилиндричен кафез кој му овозможува да се тркала по земја.

Но зошто ваков робот не би летал насекаде? Се чини дека тркалањето троши далеку помалку енергија од летањето. И мешавината на тркалање и летање може да му овозможи надминување на тежок терен, и HyTAQ може да работи шест пати подолго и да патува четири пати подалеку од робот со слична големина.

- Реклама -