Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ја обвини администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден дека ги поткопува плановите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Украина.

– За време на изборната кампања Трамп изјави дека има намера да обезбеди мир и да ги води сите на патот кон мирот. И сега се обидуваат да ја ескалираат ситуацијата до тој степен што овие мировни напори се осудени на неуспех, изјави Песков.

Тој потенцира дека администрацијата на Бајден покажала дека „ќе направи се за да се осигури дека оваа војна нема да заврши“.

Трамп, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, за време на предизборната кампања изјави дека ќе работи на брзо завршување на руската војна со Украина, но сè уште презентирал конкретни планови.

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)

Бајден минатата недела и дозволи на Украина да користи американски ракети АТАКМС со долг дострел против цели во Русија.

- Реклама -