„Паметни“ бикини што ќе спречат да изгорите на сонце

Ова се неверојатни времиња да се биде жив. На листата на „паметни“ производи допишете уште еден: „бикини“.

Имено, француската компанија Spinali Design измисли костими за капење што ќе внимаваат да не изгорите и ќе ве предупредат кога ќе е потребно да нанесете крема за сончање или да се скриете под сенка. За тоа ќе се погрижи малиот, пренослив и водоотпорен UV (ултра-виолетов) сензор прикачен на костимот.

afpbikini16n[1]

Сензорот, со помош на апликација за смартфон, ќе ви даде до знаење како да се однесувате под жешкото летно сонце, и тоа според вашиот тип на кожа. Ќе можете дури и да го подесите да испраќа известувања до смартфонот на вашиот партнер, за да знае кога треба дополнително да ви го намачка грбот, на пример.

Мари Спинали, челник на компанијата, вели дека идејата настанала како резултат на еден шеговит коментар по гледање на сите оние фотографии на интернет кои сведочат за огромната армија изгорени луѓе – жртви во битката за совршен тен.

Смарт облеката за капење е пуштена во продажба од минатата недела. Бикините и костимите за капење чинат од 149 евра, па нагоре. Како алтернатива, можете да си купите Spinali пешкир, исто така опремен со УВ сензор, за 99 евра. На пат е и линија за деца.

french-company-spinali-design-launches-worlds-first-connected-bikini-01[1]

Бројот на нови случаи на малиген меланом – најопасната форма на канцер на кожата, на годишно ниво, е прилично голем, со тоа што околу една шестина од случаите завршуваат со смрт. Како најчеста причина за неговата појава е долгата изложеност на УВ радијација, но и изложеноста на сонце без соодветна заштита. Со оглед на овие бројки, „смарт бикинито“ и не е така смешна идеја и може да се покаже како вистински спасувач на животи.

- Реклама -