Прескокни до содржината
Реклама

Сабјарка на сицилијански начин

Сабјарка на сицилијански начин
Фото: Ben Sutherland from Crystal Palace, London, UK, Wikimedia Commons (CC BY 2.0)

Сицилијанската кујна знае дека на добрата риба не ѝ треба многу: жар, лимон и оригано. Стековите од сабјарка се печат на силен оган додека не фатат лесна корка, а веднаш штом ќе се тргнат од скарата, врз нив се прелива светол сос од лимон и оригано што навлегува во топлото месо. Целото јадење е готово за дваесетина минути.

Време20 минутиПорции4–6ТежинаЛесноПотеклоСицилија

Состојки

  • 900 г стекови од сабјарка, сечени на дебелина од околу 1,5 см
  • 60 мл екстра девствено маслиново масло
  • 2 лажици свежо исцеден сок од лимон
  • 2 лажички свеж оригано, ситно сечкан (или 1 лажичка сув)
  • 2 лажички сол (по вкус – дел од готвачите ставаат и половина од тоа)
  • свежо мелен црн пипер

Подготовка

  1. Запалете ја скарата или загрејте го грилот на рерната. Рибата истапкајте ја со чиста крпа да биде сосема сува – така нема да се залепи и ќе фати убава корка.
  2. Во мало садче измешајте го сокот од лимон со солта додека таа сосема не се растопи. Додајте го ориганото, па полека, во тенок млаз, вмешувајте го маслиновото масло да се врзе сосот. Зачинете дарежливо со црн пипер.
  3. Печете ги стековите на силен оган, што поблиску до жарот, со едно превртување – вкупно 6 до 7 минути. Рибата е готова кога месото ќе стане непроѕирно и цврсто на допир.
  4. Префрлете ги стековите на чинија и избодете ги на неколку места со вилушка – тоа е тајната: низ дупчињата сосот навлегува длабоко во месото.
  5. Промешајте го сосот со лажица и прелијте го врз топлата риба. Служете веднаш.
Совет од кујната: Сабјарката е идеална риба за почетници на скара – месото е цврсто и не се распаѓа на решетката. Внатрешната температура на сосема печена сабјарка е околу 60 °C.

Адаптирано според класичниот рецепт на Марчела Хазан, објавен во Food & Wine.

Српски политичар: Луѓе на Вучиќ масовно се вработуваат во амбасадите

Српски политичар: Луѓе на Вучиќ масовно се вработуваат во амбасадите
Фото: Опсервер

Борко Стефановиќ, поранешен заменик и до неодамна потпретседател на српската опозициска Партија за слобода и правда, во емисија на телевизијата „Нова“ изнесе тврдења за нови кадровски решенија во Министерството за надворешни работи на Србија. Стефановиќ пред неколку дена објави дека ја напушта партијата и поднесе оставка од сите партиски функции.

Тој тврдеше дека по поразот на Српската напредна партија на изборите, во министерството брзо се усвоени решенија со кои „прогресивците масовно се вработуваат во амбасадите“.

Тој рече дека некои луѓе, според него, биле назначени на раководни позиции без јасни правила и законска основа.

Стефановиќ, исто така, рече дека раководителот на кадровскиот оддел на министерството поднел оставка затоа што не можел да го издржи притисокот.

Според Стефановиќ, новата влада ќе има дополнителни трошоци ако врати луѓе од дипломатските мисии.

Стефановиќ, исто така, тврдеше дека Душан Козарев, генералниот секретар на Министерството за надворешни работи, од 1 ноември добил стан во Мајами и дека таму треба да биде назначен за генерален конзул.

Во септември, Стефановиќ изнесе слични тврдења за наводни преместувања на дипломатски службеници во странство. Министерот за надворешни работи, Марко Ѓуриќ, во тоа време изјави дека нема да коментира за индивидуални кадровски одлуки, нарекувајќи ги шпекулации и наведувајќи дека таквите одлуки се доверливи.

Вишото јавно обвинителство во Белград побара од полицијата да собере информации за сомневањата за уништување на службени документи во Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Србија (PIO). Полицијата треба да ги преземе вреќите со материјал за кои синдикатот тврди дека се зачувани и да разговара со луѓе кои можеби знаат што има во нив, пишуваат тамошните медиуми.

Театарот „Војдан Чернодрински“ со „Црнила“ за одбележување на Денот на ослободувањето на Прилеп

Театарот „Војдан Чернодрински“ со „Црнила“ за одбележување на Денот на ослободувањето на Прилеп
Фото: Опсервер

Театарот „Војдан Чернодрински“ се вклучува во одбележувањето на трети ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп. Имено, на втори ноември, од 20.00 часот во Сцена 105 ќе ја прикаже претставата „Црнила“ според Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски.

Со изведбата на претставата ќе се одбележат и шестте награди што беа освоени на двата фестивали:МТФ „Војдан Чернодрински“ и меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица. Воедно по изведбата на претставата на актерот Александар Степанулески ќе му биде врачено признанието за најдобар актер доделено на фестивалот „Ристо Шишков“.

На јубилејниот МТФ „Војдан Чернодрински“, театарот за претставата освои пет награди; костимографија (Марија Пупучевска),сценографија (Валентин Светозарев), актер Сара Спиркоска (Млад актер), Димитар Ѓорѓиевски ( награда за машка главна улога) и наградата за режија за Дејан Пројковски.

На фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ актерот Александар Степанулески ја доби главната награда за улогата на Луков, при што вели дека театарот „Војдан Чернодрински“ е „место на негово раѓање“ и секогаш ќе биде тука.

-Вложив многу труд, а при тоа ми се отворија многу различни светови, и на крајот се валоризира позитивно – вели Степанулески.

Претставата „Црнила“ е актерска и режисерка исповед. Отвора дијалог за тоа дека мора во одредени моменти да имаме заеднички ставови, а црнилата се секогаш во македонската историја како резултат на поделбите.

Автор на музиката е Горан Трајковски, драматург е Лидија Митоска – Ѓорѓиевска, а играат Сара Спиркоска, Бобан Алексоски, Марија Спиркоска – Илијеска, Александар Степанулески, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Илија Волчески и децата Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски, Ива Малинческа.

Чупиќ: Не сме важни јас и Лино, за Вардар е најважно секогаш да победува

Чупиќ: Не сме важни јас и Лино, за Вардар е најважно секогаш да победува
Фото: МКД.мк

На прес-конференцијата пред средбата своите очекувања ги сподели тренерот Иван Чупиќ.

„Ова е најголемото македонско дерби, како и на Балканот. Играме дома, се надеваме на полна сала, добра атмосфера од навивачите и да продолжиме со победите. Ова е маратон, има уште многу до крајот на сезоната, ама секој бод многу ни значи. Ние ги знаеме нашите цели за крај. По Охрид, сега играме домашно дерби со Пелистер, ќе има многу емоции и ќе биде тешко. Очекуваме добра игра, фаворити сме и да ја сумираме првата четвртина од сезоната со победа над ривалот. Вардар секогаш дома е фаворит во мојата глава. Така сме се поставувале секогаш, тоа ни е ДНК на клубот. Така беше и кога играв, во својата сала никој не може да е фаворит против нас без разлика на големината на противникот. Кој и да дојде во „Јане Сандански“ треба да знае дека тука тешко се победува, поради тоа мислам дека мора да го сфатиме тоа како привилегија и притисок да победуваме секогаш. Оваа сала и навивачи тоа го очекува од нас и мора да продолжиме на тој начин. Победничкиот дух во овој тим е присутен. Барем јас откако дојдов тука, една од првите работи ми беше амбициозноста на соблекувалната. Секогаш сакам да имам тим кој сака да победува, да се подреди на клубот и резултатите. Јас како тренер покажав дека се мора да е пострана, се во служба на клубот. Како јас, така и играчите покажуваме секој ден дека може да се работи така, тим кој секогаш сака да победува и ги става клупските интереси пред своите.

Многу ми е мило да играме со најдобрите, големи натпревари и во силен ритам. Така се добива на квалитет, се напредува и се воигрува. Такво нешто се добива само во големите средби или во македонските дерби дуели. Сакам моите играчи да знаат дека нема време за опуштање. Не можеш да се подготвиш во припремите како што можеш низ натпревари, особено во овој ритам. Мислам дека тоа ни е нашата предност пред Пелистер. Втората е секако „Јане Сандански“, тука и поголеми тимови од Вардар и Пелистер играле тешко.

Пред се, сакам да нагласам дека многу го почитувам Лино. Тој е најтрофеен хрватски тренер во историјата. Искусен тренер кој мина се во животот, од најлошо до најдобро. Немам некое посебно чувство, тоа не е поради Лино, но не од непочитување туку – неважни се Лино и Иван, важно е само Вардар да победи в недела. Ние сме тука само за да помогнеме тимот да остане каде што му е местото. Не сакам да говорам за други клубови и тренери, секој има своја математика и тактика. Кога дојдов тука се поставив од прв ден дека сакам модерен и брз ракомет, со многу ротација, транзиција. Мене тој тип ми се допаѓа како тренер и сметам дека тоа е иднината. Во европскиот крем многу клубови како Фуксе, Барселонапокажуваат дека не се добива меч само со напад или одбрана, туку многу значи и брзината, транзицијата. Јас се обидов тоа да го наметнам тука, стил како Вардар да игра. Играчите го прифатија тоа и покажавме дека можеме. Нема да ни одговара бавниот ракомет, играта на малку голови и со бавно темпо. Сепак, кога и да треба и на тој начин, имаме квалитет и психологија да се прилагодиме на било кој тактички аспект на било кој противник. Имам визија како Вардар треба да игра, не се откажувам од своите постулати. Сепак, за секој ривал подготвуваме индивидуални и колективни промени. Така ќе биде и за Пелистер, ќе подготвиме нешто што досега не го виделе, не откажувајќи се од нашата типична брза игра, со зона „шест-нула“, нема отстапување ниту милиметар. Респект кон противникот, така мора да е на секој натпревар“, изјави тренерот на Вардар.

Пред натпреварот своите очекувања ги изнесе и еден од капитените Васил Гогов, кој кажа:

„Нè очекува најголемото балканско дерби. Ќе биде тежок натпревар, не само за да го одбраниме првото место, туку и за енергија, мотивација и задржување на добрата атмосфера, како и одбраната . Минавме тежок месец зад нас со многу натпревари и тренинзи. Заморот е присутен, ама сето тоа се остава зад нас на вакви средби. Ќе дадеме максимум пред, се надевам полна сала. Кога и да доаѓа дербито, емоциите се на високо ниво. Овој натпревар за мене ќе биде посебна, првпат како капитен и се надевам на победа. Победник е тој што ќе даде повеќе голови, ама според мене титули се освојуваат со одбраната. Во ова дерби кое се очекува да е со побавно темпо, очекувам дека клучот ќе биде токму одбраната и голманите. Главните играчи на Пелистер останаа и во оваа сезона, најголема минутажа имаат истите. Сепак, сменета им е играта и тренерот, играат повеќе игра на шест метри со играта „седум на шест“. Од играчки аспект се горе-долу истите. Натпреварите меѓу нас не поминуваат без „искри“ на навивачите, ама се надеваме на убава ракометна атмосфера и да покажеме зошто ова е спорт број еден во Македонија“.

Дербито меѓу Вардар и Пелистер се игра во терминот од 17:45 часот в недела.

Половина час во сауна го зголемува бројот на бели крвни зрнца

Половина час во сауна го зголемува бројот на бели крвни зрнца
Фото: МКД.мк

Во студијата учествуваа 51 возрасно лице со просечна возраст од 50 години. Сите учесници поминаа 30 минути во финска сауна, при што на половина од времето се истушираа со ладна вода; пред и по сесијата, научниците го мереа бројот на бели крвни зрнца, нивото на цитокини и телесната температура. Резултатите беа објавени во научното списание „Температура“, а студијата ја водеше професорот Јари Лауканен.

По сауната, бројот на сите видови бели крвни зрнца што беа измерени се зголеми, вклучувајќи ги неутрофилите и лимфоцитите – клетки кои играат важна улога во одбраната од инфекции. Зголемувањето беше привремено: неутрофилите и лимфоцитите се вратија на почетното ниво веќе 30 минути по напуштањето на сауната.

Коавторот на студијата, Илка Хајнонен од Универзитетот во Турку, смета дека престојот во сауна поттикнува ослободување на дополнителни бели крвни зрнца од ткивата во крвотокот. Според неговото објаснување, по излегувањето од сауната, овие клетки се враќаат во ткивата, каде што може да бидат подобро подготвени да патролираат низ телото и да реагираат на патогени.

Кај цитокините, протеини што ги користат клетките на имунолошкиот систем за меѓусебна комуникација, сликата беше поинаква. Нивните просечни нивоа останаа практично непроменети, иако нивоата на одредени специфични цитокини се менуваа во зависност од степенот на покачување на телесната температура. Кај белите крвни зрнца не беше утврдена таква поврзаност.

Авторите ја споредуваат реакцијата на телото со онаа што се јавува за време на физичка активност, но нагласуваат дека тоа не значи дека сауните и вежбањето носат исти придобивки.

Научниците истакнуваат дека го измериле само непосредниот ефект од една посета на сауна. Затоа, студијата не дава одговор на прашањето дали редовното користење сауна го зајакнува имунитетот или долгорочно го намалува ризикот од болести.

Резултатите се однесуваат на комбинацијата од сауна и ладен туш, а не само на топлина, бидејќи учесниците биле подложени на ладење на половина од третманот.

Видеолотарија Касинос Австрија ја поддржува уметноста: „Набуко“ на сцената на НОБ

Видеолотарија Касинос Австрија ја поддржува уметноста: „Набуко“ на сцената на НОБ
Фото: МКД.мк

Вечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најзначајните дела на оперската уметност, кое преку моќна музика и драматична приказна ги отвора универзалните теми за слободата, достоинството и копнежот по татковината.

Претставата ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис од Грција, во режија на Ренато Бонајуто од Италија. Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор Климент Тодороски, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска, а за светлосниот дизајн е задолжен Милчо Александров.

Во насловната улога ќе настапи Марјан Јованоски, Злата Тошевска Димовска ќе ја толкува Абигаиле, Николина Јаневска ќе настапи како Фенена, Ѓорѓи Цуцковски како Исмаил, а Александар Стефаноски како Захарија. Во останатите улоги настапуваат Диме Петров, Јаворка Витанова и Јане Дунимаглоски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, како и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

„Набуко“ е опера во четири чина и едно од најпознатите дела на Џузепе Верди, особено препознатливо по хорската композиција „Va, pensiero“, која со текот на времето стана симбол на копнежот по слобода.

Со поддршката на културните содржини, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да вложува во уметноста и културното наследство, давајќи придонес кон создавање вредности што ја збогатуваат заедницата.

Хали Бери ја изгуби судската битка по обвинувања дека го давела својот син, момчето ќе живее со татко му

Хали Бери ја изгуби судската битка по обвинувања дека го давела својот син, момчето ќе живее со татко му
Фото: Опсервер

Американската актерка Хали Бери изгуби важна судска битка во спорот околу старателството над нејзиниот син Масео, кој го има со својот поранешен сопруг, францускиот актер Оливие Мартинез, пишува Express.

Судот одлучи нивниот тринаесетгодишен син Масео Мартинез поголемиот дел од времето да го поминува со својот татко, додека Бери повеќе нема да може да го задржува кај себе преку ноќ. Сепак, поранешните сопружници го задржаа заедничкото правно старателство, односно правото да одлучуваат за важни прашања поврзани со образованието и здравјето на момчето.

Според TMZ, правниот тим на актерката побарал враќање на претходниот договор, според кој синот би поминувал еднакво време со двајцата родители, но судијата го одбил тоа барање. Спорот дополнително се заостри откако Мартинез ја обвини својата поранешна сопруга дека го фатила синот за врат и го давела за време на еден инцидент во септември. Бери категорично ги негираше овие обвинувања, а нејзините адвокати ги нарекоа неосновани.

За време на постапката, момчето сведочеше зад затворени врати, без присуство на родителите, а сослушувањето траеше неколку часа.

Хали Бери и Мартинез се венчаа во 2013 година, а се разделија две години подоцна. Разводот и споровите околу старателството се одолговлекуваа со години, а договорот за заедничко старателство конечно беше постигнат во 2023 година.

Широката облека може да ја направи вашата фигура послаба: модни трикови што прават голема разлика

Широката облека може да ја направи вашата фигура послаба: модни трикови што прават голема разлика
Фото: Опсервер

Откријте модни трикови за комбинирање на широки (oversized) џемпери, долги капути и панталони, со кои визуелно ќе ја издолжите својата фигура.

Студените утра веќе најавуваат крај на пријатниот дел од годината. Иако сонцето сè уште повремено се појавува, брзо се приближува времето кога практично ќе живееме во дебели џемпери и капути.

Широките парчиња облека се неизбежен дел од секоја студена сезона, но за пониските жени, тие лесно можат да ја „задушат“ фигурата и да ја сокријат нејзината форма.

За среќа, тајната на одличниот стил лежи во балансирањето на пропорциите. Со неколку едноставни модни трикови, широките зимски парчиња можат да изгледаат модерно и лежерно – без притоа да ве направат да изгледате пониски.

Правилото за пропорции: Како да комбинирате широки џемпери и панталони
Златното правило при комбинирање на широка облека е рамнотежата. Ако носите многу широк и тежок џемпер, долниот дел од вашата облека треба да ги следи линиите на телото. Наместо претесни фармерки, размислете за кожни панталони или класичен крој со прави ногавици.

Кога горниот дел од облеката е обемен, важно е нозете да изгледаат долго. Од друга страна, панталоните со широки ногавици најдобро се комбинираат со пократок горен дел што завршува во висина на половината. Правилното одредување на пропорциите создава хармонична силуета и спречува облеката визуелно да ја „проголта“ вашата фигура.

Мали трикови со ракавите и половината што го трансформираат вашиот изглед
Кога носите облека во слоеви, малите детали прават голема разлика. Едноставното засукување на ракавите од капутот или џемперот, за да се откријат зглобовите на рацете, може целосно да го промени изгледот. Овој мал детаљ го разбива впечатокот на тешка облека и додава доза на леснотија на целокупната силуета.

Уште еден одличен трик е делумно да го вовлечете предниот дел од џемперот во панталоните. Ова ја дефинира половината и визуелно ги издолжува нозете, дури и кога носите широка, топла зимска облека.

Долгите капути можат да ја издолжат вашата фигура – ​​ако се носат на овој начин.
Жените со понизок раст не мора да се откажуваат од долгите капути; тие едноставно треба да обрнат внимание на начинот на кој ги носат. Кога капутот е откопчан, неговите рабови создаваат две јасни вертикални линии кои визуелно го издолжуваат телото. Сличен принцип важи и за шаловите. Наместо да обвивате дебел шал околу вратот повеќе пати, оставете го слободно да паѓа по должината на телото. На тој начин избегнувате создавање дополнителен волумен во горниот дел од телото и постигнувате изглед што ја издолжува силуетата.

Штетата за бизнисите од протестите во Тирана изнесува 3,37 милиони евра

Штетата за бизнисите од протестите во Тирана изнесува 3,37 милиони евра
Фото: Нетпрес

Штетата врз бизнисите во Тирана од протестите што траат повеќе од две седмици, се проценува на 3,37 милиони евра, објави новинската агенција АТА, повикувајќи се на информации дадени од претставници на индустријата.

Протестите во Албанија започнаа во Тирана на 13 октомври, поради незадоволството од лошите услови на универзитетите, високата цена на високото образование, недоволната финансиска поддршка за студентите и ограничените изгледи за работа по дипломирањето. Демонстрациите брзо се претворија во антивладини демонстрации, со повици за оставка на премиерот Еди Рама и формирање привремена влада. Следеа судири со полицијата, палежи и оштетувања на јавни згради и бизниси, а стотици учесници беа приведени.

Вчера, студенти, млади и наставници повторно се собраа во центарот на главниот град за да го изразат своето незадоволство од политиките на владата. Протестот помина мирно и без инциденти. Демонстрантите се собраа во близина на парламентот, каде што полицијата постави кордон од метални огради. Потоа се упатија кон зградата на Министерството за одбрана.

Претходните протести во главниот град на Албанија беа придружени со судири со полицијата. Јавните згради и локалните бизниси беа оштетени. Досега, претставници на приватниот сектор поднеле 110 барања за штети во вкупна вредност од 3,37 милиони евра на посебна онлајн платформа. Формирани се десет тима даночни службеници за да ги проверат информациите доставени од претприемачите на терен.

Минатата недела, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека малите бизниси погодени од протестите во главниот град ќе бидат обесштетени 100 проценти за нивните загуби. Рама, исто така, презентираше пакет мерки насочени кон борба против урбаното насилство, кој исто така предвидува итна обесштетување на штетите.

Лапорта бесен поради Рафиња, Анчелоти одговори: Не ни требаат посебни барања

Лапорта бесен поради Рафиња, Анчелоти одговори: Не ни требаат посебни барања
Фото: Нетпрес

Карло Анчелоти, ги налути челниците на Барселона, откако го повика Рафиња во националниот тим. Бразилскиот селектор немаше намера да ги прифати барања на Барселона.

Претседателот на каталонскиот клуб, Џоан Лапорта, претходно ги критикуваше репрезентативните собири поради големиот товар што им го носат на играчите, но италијанскиот стручњак сега јасно стави до знаење дека самиот ќе одлучи за играчите што му се потребни.

Рафиња е вклучен во списокот на Бразил за два пријателски натпревари против Јапонија и Сингапур, кои ќе се играат на 14 и 17 ноември.

Особено е интересно што поради овие натпревар, ќе мора да патуваат речиси 22.000 километри во двата правци.

Ова предизвика загриженост во Барселона, бидејќи бразилскиот напаѓач сè уште не достигнал оптимална физичка и натпреварувачка форма по повредата здобиена за време на претходниот репрезентативен собир.

Имено, на 29 септември, Рафиња повреди мускул за време на натпреварот на Бразил против Австралија во Бризбејн. Оттогаш, тој е во процес на враќање и сè уште не успеал да најде континуитет и да го одигра целиот натпревар.

На прес-конференцијата по објавувањето на списокот, новинарите го прашаа Анчелоти за незадоволството што Лапорта претходно го изрази поради репрезентативните обврски и повредите на играчите.

Италијанскиот стручњак прво нагласи дека Бразил има добри односи со европските клубови и дека редовно се разменуваат информации за играчите.

„Имаме добри односи со бразилските и европските клубови и разменуваме информации за играчите. Генерално, тој однос е добар“, објасни Анчелоти.

Сепак, кога станува збор за евентуални посебни барања од Барселона, тој беше многу подиректен.

„Немаме посебни барања, ниту пак ни се потребни. За време на репрезентативните паузи, ќе поканиме играчи што ги сметаме за важни за бразилската репрезентација“, рече селекторот.

Со тоа, тој јасно стави до знаење дека нема да го прилагодува составот според желбите на поединечните клубови, без оглед на тоа колку е важен нивниот играч.

Анчелоти, исто така, објасни зошто одлучил да го покани играчот на Барселона и покрај неговите проблеми со физичката подготвеност.

Бразил е во процес на подмладување на националниот тим, а тренерскиот штаб сака да ги спои младите играчи со искусни имиња кои веќе имаат важна улога во националниот тим.

„Го започнавме проектот за обнова на националниот тим и сега е идеален момент за тоа. Во септември почнавме со евалуација на група помлади играчи, а сега го продолжуваме истиот процес“, рече Анчелоти.

Тој додаде дека составил избалансиран список, во кој се вклучени 15 фудбалери под 23 години, додека девет играчи припаѓаат на генерацијата што сè уште може да настапи на Олимписките игри.