Прескокни до содржината
Реклама

Маркез победи во Малезија

Маркез победи во Малезија
Фото: Depositphotos

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на Големата награда на Малезија, 19-та трка од сезоната на шампионатот Мото ГП, и направи голем чекор кон одбрана на титулата.

Маркез со леснотија стигна до доминантна победа во Сепанг, негова седма во сезоната, три секунди пред победникот во спринтот во саботата, Педро Акоста од КТМ Рејсинг.

На третото скалило на подиумот се искачи возачот на Гресини, Алекс Маркез, кој беше речиси две секунди зад Акоста.

Благодарение на победата, Маркез го зголеми своето водство на врвот во генералниот пласман на 44 поени пред Хорхе Мартин, кој минатата недела доживеа фрактура на десниот зглоб.

Разликата на вториот возач на Априлија, Марко Бецеки, во однос на бранителот на титулата е 67 поени, што значи дека возачот на Дукати ќе ја има првата можност да го одбрани тронот следната недела.

Маркез го направи клучниот потег за триумфот во „Сепанг“, негов прв по седум години, на стартот, тој го презеде водството пред својот помлад брат, кој се обиде да нападне, но Марк веднаш возврати. Од тој момент па натаму, актуелниот шампион само ја зголемуваше својата предност и во ниту еден момент во текот на 20-те круга никој не можеше да го загрози.

Излезноста во Брвеница до 9 часот е 3,98 отсто: Гласале 646 граѓани

Излезноста во Брвеница до 9 часот е 3,98 отсто: Гласале 646 граѓани
Фото: МКД.мк

Излезноста во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 9 часот изнесува 3,98 отсто. Правото на глас дотогаш го оствариле 646 граѓани, информираше портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска-Алексовска.

Според податоците пристигнати во ДИК, излезноста е поголема за 1,52 процентни поени во споредба со првиот круг, одржан на 18 октомври. Тогаш до 9 часот гласале 400 граѓани, односно 2,46 отсто од запишаните избирачи.

Најголема излезност е регистрирана на избирачкото место 2037, каде што гласале 8,7 отсто од избирачите, додека најмала е забележана на избирачкото место 2048, со 1,25 отсто.

Гласањето започна во 7 часот, а сите избирачки места биле отворени навреме. Според информациите од ДИК, изборниот процес засега се одвива во мирна атмосфера.

Во вториот круг граѓаните избираат меѓу двајца кандидати. Право на глас имаат вкупно 16.256 избирачи, кои гласаат на 24 избирачки места.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС остави зад себе пропаднати банки и штедилници, банкарскиот систем сега е стабилен

ВМРО-ДПМНЕ: СДС остави зад себе пропаднати банки и штедилници, банкарскиот систем сега е стабилен
Фото: Нетпрес

Од СДС следат пропаднати банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое партијата обвинува дека за време на владеењето на СДС пропаднале повеќе финансиски институции.

Како последен пример ја посочуваат Еуростандард банка, која пропадна во август 2020 година, а како една од главните причини за нејзиното пропаѓање било наведено давањето кредити без соодветно покритие.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека меѓу фирмите што добиле големи кредити без покритие имало и 29 струмички компании, меѓу кои и фирми блиски до тогашниот премиер и претседател на СДС, Зоран Заев.

Како примери се посочуваат „Сара инженеринг“, сопственост на Вице Заев, како и „Глобал медиа груп“ и „Тритерол“, за кои од партијата велат дека се фирми на деловни партнери на семејството Заеви.

Според ВМРО-ДПМНЕ, овие фирми преку високоризични кредити без соодветно покритие добиле големи суми пари, кои потоа не биле вратени, а се стекнале со богатство од 13 милиони евра. Од партијата обвинуваат дека парите што граѓаните ги штеделе во банката завршиле кај компании блиски до политички функционери.

„Трагите на парите од Еуростандард банка покажуваат дека зад нејзиното пропаѓање стојат функционери и фирми блиски до функционерите на СДС, на чии сметки завршувале парите кои граѓаните ги штеделе во банката“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат и на пропаѓањето на битолската штедилница ТАТ во 1997 година, кога СДС исто така била на власт, оценувајќи дека случајот предизвикал сериозно нарушување на довербата во тогашниот банкарски систем и тешки социоекономски последици.

Во соопштението, партијата оценува дека СДС е минато и дека, како што наведува, нема да се остварат сценаријата за предизвикување општ хаос што му ги припишува на претседателот на СДС, Венко Филипче. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека банкарскиот систем во Македонија е стабилен, а заштедите на граѓаните се безбедни.

Мицкоски во работна посета на Северна Рајна – Вестфалија

Мицкоски во работна посета на Северна Рајна – Вестфалија
Фото: МКД.мк

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од вчера престојува во работна посета во Северна Рајна – Вестфалија, Сојузна Република Германија.

Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на работната посета предвидени се средби на високо политичко ниво, како и средби со претставници на бројни компании, институции и бизнис заедницата.

Предвидено е премиерот Мицкоски да присуствува на првиот самит насловен „Посилни заедно – отпорноста како императив за целото општество“, каде ќе земе активно учество на панел-дискусијата „Од глобални промени до регионални реалности“.

Смеа до солзи со Бојан Велевски и Боби Додевски, распродаденото шоу добива нов термин

Смеа до солзи со Бојан Велевски и Боби Додевски, распродаденото шоу добива нов термин
Фото: Опсервер

Стендап-комедијата на Бојан Велевски и Боби Додевски ги полни салите низ Македонија и руши рекорди. Добриот хумор, смеата и одличното расположение се гарантирани, а овој стендап покажа дека Македонците можат да соработуваат кога станува збор за нешто што на сите им е потребно – добро расположение. Уникатниот спој го направија маестралните Бојан Велевски и Боби Додевски, кои со својата комичарска енергија ја освојуваат публиката низ земјата.

Големото финале, закажано за 17 ноември 2026 година во Скопје, е распродадено, но за сите што не успеаја да обезбедат билети следува реприза на 23 декември 2026 година во „Рагуза парк“. Картите се достапни преку Купи карти.мк.

И тој ден не се оди во теретана! Купете си билети навреме, бидејќи со добра доза хумор и смеа ќе ги развиете стомачните мускули на најзабавниот можен начин.

Боби Додевски е македонски стендап-комичар од Куманово, но неговата професионална приказна е интересна и поради тоа што сцената не му е единствената професија.

Според објавената биографија, роден е на 6 август 1981 година во Куманово, а од 2001 година работи во Министерството за внатрешни работи. Паралелно со полициската професија, со години се занимава со хумор, пишување и творештво.

Познат е и по настапите во стендап-комедијата, а пошироката публика го запознава и преку хумористични содржини и емисии.

Има учествувано со свои текстови на детски фестивали, а во август 2026 година ја промовираше својата прва книга за деца, „Радосница за деца“, со илустрации на Мила Доневска и во издание на „Антолог“. Поговорот за книгата го напиша Игор Џамбазов.

Дежурна екипа на народниот правобранител во Тетово, за изборите во Брвеница

Дежурна екипа на народниот правобранител во Тетово, за изборите во Брвеница
Фото: МКД.мк

Како што соопшти омбудсманот, подрачната канцеларија во Тетово ќе биде отворена од 7 до 19 часот, односно за време на гласањето, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Пријавите ќе можат да се поднесуваат лично во канцеларијата или на телефонскиот број 044/344-082.

Народниот правобранител информира дека ќе ги штити правата на граѓаните преку преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции задолжени за заштита на загарантираните права.

Во соопштението се потсетува дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно право што се остварува на слободни избори со тајно гласање.

Оттаму нагласуваат дека никој не смее да биде повикан на одговорност поради остварување на избирачкото право, при што потсетуваат дека повредата на слободата на определување на избирачите и другите повреди на избирачкото право претставуваат казниви дела.

320 илјади луѓе на протести во Франција, судири со полицијата во повеќе градови

320 илјади луѓе на протести во Франција, судири со полицијата во повеќе градови
Фото: Нетпрес

Во неколку француски градови денеска дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, откако низ земјата 320 илјади луѓе излегоа на протести против високите животни трошоци и влошените услови во училиштата.

По претежно мирниот почеток на протестите, полицијата во доцните попладневни часови употреби солзавец во Париз и Лион.

Во Париз се слушале експлозии од пиротехнички средства, а на телевизиските снимки се гледа како демонстранти фрлаат запаливи средства кон полицајците опремени за разбивање демонстрации. Неколку полицајци биле зафатени од пламен.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека на протестите низ земјата учествувале 320 илјади луѓе, од кои 70 илјади во Париз.

Во Марсеј на улиците биле запалени предмети, поради што интервенирале и пожарникари. Судири со полицијата биле пријавени и во Рен и Тулуз.

Според соопштението на локалната префектура, во Рен поединци фрлале предмети кон полициските службеници.

Протестите беа организирани на повик на синдикатите, училишните и студентските организации, како и движењето „Жолти елеци“, кое привлече пошироко внимание во Франција во 2018 година.

Втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница

Втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница
Фото: Нетпрес

Во десет населени места во Општина Брвеница денеска се одржува втор круг од изборите за градоначалник. Првиот круг од изборите се одржа на 18 октомври, но ниту еден од шестмината кандидати не го доби потребното мнозинство. Право на глас на 18 октомври имаа 16.256 граѓани, а излезноста изнесуваше 46,56% односно гласаа 7.565 избирачи. Најмногу гласови освоија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Гласањето почнува во 7 часот кога се отвораат избирачките места и се гласа до 19:00 часот. Во Избирачкиот список се запишани 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи.

Победник на изборите е кандидатот кој добил поголем број гласови. Доколку и во вториот круг од кои било причини не биде избран градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена ја известува Владата.

Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од Општинската изборна комисија (ОИК) во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

ОИК првичните резултати од изборите ги објавува во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од ИО, ги истакнува на огласна табла во општината и ги соопштува на јавните гласила.

ДИК конечните резултати од изборите ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Жителите од десетте населени места во Општина Брвеница избираат градоначалник откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски. Функцијата на вршител на должноста градоначалник во изминатите месеци ја извршуваше Роберт Милошески.

Влажни коловози на патиштата

Фото: Нетпрес
Фото: Нетпрес

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Документарецот „Кумство, вера, традиција“ на Надица Петковиќ ја освои бронзената Камера 300 во Битола

Документарецот „Кумство, вера, традиција“ на Надица Петковиќ ја освои бронзената Камера 300 во Битола
Фото: МКД.мк

Филмот ги обработува народните обичаи, духовноста и значењето на кумството како еден од симболите на заедништвото во македонската традиција. Преку сведоштва, архивски материјали и визуелна нарација, прикажан е обред кој, според Петковиќ, повторно станува близок и прифатен и кај помладите генерации.

„Филмот ‘Кумство, вера и духовна визија во срцето на народот’, обработува длабока, автентична и жива тема, народен обред што од година во година станува сè поприфатен и кај помладата популација. Со гордост ја примив наградата, бидејќи меѓу пристигнатите 94 филма од целиот свет, мојот филм беше прогласен за еден од најдобрите“, изјави етнологот Надица Петковиќ.

Етнолошките филмови претставуваат мост меѓу минатото, сегашноста и иднината, документирајќи ги традицијата, културниот идентитет и начинот на живот на заедниците. Во услови на брзи општествени промени и глобализација, тие имаат значајна улога во зачувувањето на колективната меморија и во пренесувањето на културното наследство на идните генерации.