Зградава е привремено изградена како уметничка инсталација за време на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Дело е на архитектот Асиф Кан, кој ја користел најтемната боја на светот.
Се работи за Vantablack – боја чија наноструктура апсорбира дури 99% од светлината што ја допира, создавајќи притоа доста откачени илузии. На пример, толку е темна што не можете да разликувате 3Д тела и длабочина во просторот. Ќе видите и во самото видео: