Опозицијата подготвува руско сценарио за политички немири по 8 мај, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи обвинувањата, клеветите и навредите што опозицијата ги упатува кон кандидатот за Претседател, Бујар Османи, како и кон премиерот Талат Џафери, предупредувајќи за руско сценарио кое има за цел политички немири по 8 мај“, соопштија од ДУИ.

„Координирана со ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски и ЛЕВИЦА на Апасиев, како и во отсуство на изборна програма, коалицијата ВРЕДИ ги засили клеветите против Бујар Османи и Талат Џафери, а не ги штедат ниту семејствата на функционерите, нешто што ги загрижува и граѓаните, но известен е и меѓународниот фактор во земјата“, велат од партијата.

Како што се вели во соопштението, тие „ја покануваат“ опозицијата, и албанската и македонската, да води кампања во согласност со, како што велат, европските и демократските вредности, бидејќи сè што е против тоа значи, според нив, оддалечување од Европската унија и приближување до Москва и Путин.

Прочитајте и:  Меџити вели дека новата влада ќе се формира на 19 или 20 јуни, тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија

„Воедно, ја поздравуваме одлуката на ОБСЕ-ОДИХР да ги следи изборите на 24 април и 8 мај со 24 долгорочни набљудувачи и 300 краткорочни набљудувачи, бидејќи сметаме дека овие избори ќе бидат одлучувачки за иднината на земјата – да кажеме ‘ДА на Европа, НЕ на Русија’.

Ја уверуваме јавноста дека ДУИ, како и низ другите години, ќе организира слободни, демократски и меѓународно прифатени избори, а обидите на опозицијата да предизвика криза ќе го добијат заслужениот одговор на 8 мај – кога конечно ќе биде запечатен нивниот пораз“, додаваат од партијата.

- Реклама -