„Њузвик“: ЕУ може да му воведе санкции на Такер Карлсон поради интервјуто со Путин

Европската унија би можела да воведе санкции за американскиот новинар Такеру Карлсон поради неговото интервју со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска „Њузвик“, повикувајќи се на изјави на сегашни и поранешни членови на Европскиот парламент.

Поранешниот белгиски премиер и европратеник Ги Верхофштад, кој ја повика ЕУ да ја истражи можноста за воведување „забрана за патување“ на Карлсон, го опиша новинарот како „гласноговорник“ на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и Владимир Путин.

„Бидејќи Путин е воен злосторник, а Европската унија ги санкционира сите кои му помагаа во тоа, се чини логично дека Канцеларијата за надворешни работи треба да го истражи и случајот на Карлсон“, рече Верхофштад.

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ

Поранешниот европратеник Луис Гарицано рече дека се согласува со Верхофштат.

„Карлсон повеќе не е новинар, туку пропагандист на најгнасниот режим на европското тло и оној кој е најопасен по мирот и безбедноста во Европа“, рече Гарицано.

- Реклама -