Ново видео од iPad mini 2 и iPad 5

По се изгледа дека двата нови таблети iPad mini 2 и iPad 5 нема да се појават на 10-ти септември како што се очекуваше бидејќи Apple промотивниот настан целосно ќе го посвети на iPhone 5S и iPhone 5C.

Затоа како мало потсетување за двата нови таблети се појави ново видео во кое се прикажани куќиштата на iPad mini 2 и iPad 5 за кои се тврди дека ќе бидат многу попрактични, полесни и потенки.

ipad_mini_2_ipad_5

Промоцијата на iPad mini 2 и iPad 5 ќе се одржи на крајот на овој или почеткот на наредниот месец и корисниците може да очекуваат многу поквалитетни таблети кои ќе работат на оперативниот систем iOs 7.

[youtube]http://youtu.be/twZ3JaPs20A[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -