Нов живот за старите „Буби“

Германска компанија Volkswagen ја произведуваше култната „буба“ од 1938 година. Во текот на времето се се мениваше, но дизајнот на овој автомобил остана непроменет и сеуште како таков им се допаѓа на голем дел од фановите на марката. Во склад со традицијата и ZelectricBug остана на патот на традицијата, но се одлучи да даде нов живот на „бубата“.

Специјалистите од ZelectricBug воведуваат интересни промени во конструкцијата на автомобилот од 1963 година, при што главна цел е да биде задржан стајлингот, но заменет бензинскиот мотор со електромотор. Надворешно, значи од посебна важност за компанијата е автомобилот да изгледа идентично со класичната Käfer. Со имплементирање на современите трендови внатре, во подвозјето, потпирањето, механиката, но во склад со  минатото, автомобилот едноставно станува уште поинтересен.

За оваа изведба на VW со нов електричен мотор е само прототип и не е јасно дали ќе дојде до сериско производство, пред се од финансиски карактер. Во моментов, сепак на интернет се нуди т.н. Conversion Kit, со помош на кој секој може да го замени агрегатот со воздушно ладење со мотор кој работи на електрична енергија.


- Реклама -