Нов, уште пострашен вирус на повидок?!

Повеќе...Како што H1N1 се повеќе се шири низ светот, во Украина се појави нов грип. Овој нов грип сам по себе е многу поагресивен од H1N1, а уште пострашен е и фактот дека не се знае ништо за него. Дали ова е почеток на една нова епидемија? Дали треба да почнеме да се плашиме?

Како што H1N1 се повеќе се шири низ светот, во Украина се појави нов грип. Овој нов грип сам по себе е многу поагресивен од H1N1, а уште пострашен е и фактот дека не се знае ништо за него. Дали ова е почеток на една нова епидемија? Дали треба да почнеме да се плашиме?

ViktorСмртоносна чума може да земе замав низ Европа, се плашат докторите, после избивањето на вирус во Украина кој крена паника низ целата земја. Коктел од три вируси мутирал во една единствена белодробна чума, за која се верува дека е многу пострашна од свинскиот грип. Бројката на жртви достигна 189, а повеќе од 1 милион се инфицирани. Претседателот на Украина, Виктор Јушченко, ја повика Светската Здравстена Организација и тим од девет специјалисти да извршат тестирања во Киев и Лвив и да го идентификуваат вирусот. Примероци се испратени во Лондон на анализа.

Претседателот Јушченко изјави: „Луѓето умираат. Епидемијава убива доктори. Ова е апсолутно несфатливо за 21 век“. Во телевизиско интервју, претседателот додаде: „За разлика од слични епидемии во другите земји, три случаи на сериозни вирусни инфекции дојдоа истовремено во Украина – два сезонски грипа и Калифорнискиот грип. Виролозите заклучија дека оваа комбинација на инфекции може да создаде уште поагресивен нов вирус како резултат на мутација.“

Премиерката Јулиа Тимошенко оди по болниците каде што жртвите се хоспитализирани, а и претседателските избори во Јануари можат да бидат откажани. Четири мажи и една жена починале од грипот во Лвив, вели шефот во болницата за итни случаи, Мирон Борсиевч. Двајца од починатите пациенти беа од 22 до 35 години, а другите двајца преку 60. Тој ги дијагностицира случаите како белодробен вирус.
„Пративме анализи во Киев. Не веруваме дека е H1N1 свинскиот грип. Ниту пак знаеме каков вид на белодробен вирус е.“

Универзитетите, школите и градинките се затворени. Јавните собири се забранети, а театрите откажани. Минатата недела и неколку гранични премини беа затворени. Светската Здравстена Организација сеуште не знае со што се справува: „Не можеме да дадеме рок на резултатите од тестовите во Лондон, иако некои прелиминарни резултати веќе се извршени. Не можеме да ви кажеме што се тие.“

Соседната Полска ја повика Европската Унија да преземе акција, плашејќи се дека вирусот може да се прошири и таму. Русија, Словачка, Полска, Унгарија и Романија веќе прават здравстени проверки на сите Украинци кои влегле на нивна територија. Словачка дури и затвори два од вкупно петте гранични премини. Доктор во Западна Украина, кој не сакаше да биде именуван, изјави: „Кај две од жртвите видовме дека нивните дробови се црни како јаглен. Изгледаа како да се изгорени. Ова е застрашувачки.“ [Million-hit-by-plague-worse-than-swine-flu]

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани
- Реклама -