Скопје, 21 јули 2026 (МИА) – Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, денеска преку социјалните мрежи објави дека годинава се разоткриени 12 обиди за криумчарење на над 27.000 парчиња фармацевтски производи и медицинска опрема. Ова е доказ дека улогата на Царината не се сведува само на собирање приходи, туку и на активна заштита на здравјето на граѓаните.




