Николоски: Заев ја стави Македонија пред свршен чин, бараме оставка и нови избори, но пред сѐ формирање влада за национален спас

Надежта последна умира, но ја нема во голема мера – изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николоски, на настанот организиран од најголемата германска фондација „Конрад Аденауер“, на кој најголемата опозициска партија учествуваше заедно со Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Во вестите на „Канал 5“, одговарајќи на новинарско прашање, тој потенцираше дека е разочаран и огорчен од блокадата на Бугарија на преговарачката рамка, што денеска го соопшти премиерот Зоран Заев.

 

Според Николоски, токму Заев е виновникот што ја доведе земјата во ваква ситуација:

„Заев ја стави Македонија и Македонците пред свршен чин – или Македонците да се одродат или Македонија да не преговара со ЕУ, што значи да не напредува. Тој избор кој го постави Заев е резултат на неговите сервилни политики. Со други зборови, тоа не е избор, а тоа е така затоа што Заев ветил дека ќе испорача сѐ што барале Бугарите и сега ѓаволот доаѓа по своето. Затоа нашето барање е владата да си поднесе оставка и да се оди на избори кога ќе има услови, а во меѓувреме да се формира влада на национален спас. Новата влада, пак, по изборите, со политичарите кои се денес тука,  ќе ја извадат Македонија од бездната во која се наоѓа и во која ја доведе Заев“, истакна Николoски.

Прочитајте и:  Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана

Како што посочи тој, настанот организиран од „Конрад Аденауер“ е прва јавна потврда на интензивната соработка на ВМРО-ДПМНЕ со Африм Гаши од Алтернатива и Зијадин Села од Алијанса на Албанците:

„Ова се идеолошки слични партии со нас. Ние сме конзервативни десни центар партии, а она што ми е драго е што овој настан е во организација на ‘Конрад Аденауер’. Оваа соработка е спонзорирана од најголемата германска фондација Конрад Аденауер, а обраќање денес има и и потпретседателот на Европската народна партија“, рече Николоски.

- Реклама -