Заев: Ја имаме првата непријателска порака и блокада од Бугарија, ова е прво непријатно чувство

Денеска на првиот Комитет на постојани претставници во Советот на Европска Унија (КОРЕПЕР), Македонија доби блокада од Бугарија, соопшти премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање при увидот на магестралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар.

„Ја имаме првата непријателска порака и блокада од Бугарија за преговарачката рамка. Денеска е прекршен тој Членот 2 од договорот, ние ништо до сега не прекршиме. Ова е прво непријатно чувство“, истакна Заев.

Како што рече, треба да сме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин, но денеска е испратена „не така пријателска порака од соседна Бугарија“ со блокирање на првиот чекор.

Според членот 2 од Договорот за добрососедство, Бугарија е должна да ја поддржува Македонија на патот на евроинтеграцијата:

Сепак, и покрај „неубавата порака од бугарска страна“, премиерот Заев смета дека „не треба да се прави драма“, бидејќи, како што истакна, тој е оптимист дека може да дојде до приближување на ставовите на следните два состанока на работните групи, а се надева и на позитивен исход од средбата со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, која треба да се случи во понеделник.

Од друга страна, премиерот истакна дека е среќен што земјава ја има поддршката на Германија.

- Реклама -