Човештвото многу пати покажа дека не ги прифаќа сите добри идеи во моментот кога ќе се појават. За некои, потребно е долго, долго време да созреат пред да се согледа потребата од нив. Пример за тоа е и најстариот хибриден автомобил. Се појавил уште во 1916 година, но никогаш не станал доволно популарен за да остане во производство.

Woods Dual Power Model 44 Coupe бил претставен на пазарот во 1916 година во Америка. Се произведувал само до 1918 година, но никогаш не успеал да достигне доволно голема популарност за да остане во производство подолго. Слободно може да се каже дека овој автомобил бил далеку пред своето време – впрочем, тогаш никој не ни помислувал дека некогаш може да се случи недостиг на гориво!
Овој модел имал 2 засебни мотори. Нормално, тогашната технологија не им овозможила на конструкторите обата мотори да работат во исто време, но затоа, електричниот мотор можел сам да обезбеди погон до брзина од 24 km/h. Над таа брзина, до максималните 56 km/h работата ја преземал бензински мотор со 4 цилиндри. Чинел некаде околу 2600 долари (што во тоа време, било прилично скапо).
Woods Dual Power Model 44 Coupe немал приклучок за полнење на батериите, а истите не се полнеле директно од бензинскиот мотор, туку преку вртењето на тркалата. Сепак, гледајќи го овој автомобил, ви станува јасно од каде хит-автомобилите како Тојота Приус го влечат своето потекло. [PEV 2009: 1916 Woods Dual Power Model 44 Coupe hybrid on display]