Во првото коло од ЛШ не се израдуваа ниту „Граѓаните“, ниу „Црвените ѓаволи“. Првите загубија на домашен терен од Јувентус, додека другиве му гостуваа на ПСВ Ајндховен.
Манчестер Сити поведе со автоголот на Киелини, при една сомнителна ситуација, каде гостите бараа прекршок во напад од страна на Компани. Подоцна, Манџукич израмни на 1-1, а Мората ја запечати победата на Јувентус.
Јунајтед на гостувањето во Холандија, поведе со голот на Депај. Имајќи предвид дека овој играч се пресели токму од овој клуб во редовите на Манчестер Јунајтед, тој премногу бурно го пролави својот гол. Но Ектор Морено и Лусијано Нарсинг му ја донесоа победата на ПСВ. На овој натпревар Лук Шо заработи незгодна повреда.