Мохито торта

Љубителите на десерти тешко дека ќе ѝ одолеат на мохито тортата која поради лимонот е совршен избор за пролетните и летните денови.

Состојки:

За пандишпан: 4 јајца, 200г шеќер, 120г брашно, 1 кесичка ванилин шеќер, 1/2 кесичка прашок за пециво
изрендана кора од зелен лимон

За фил: 500г свежо сирење, 500мл шлаг, кора и сок од 1 зелен лимон, 5-6 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер

Плус: 2 лажици вода, 2 лажици бел рум

mojito

Подготовка:

Посебно изматете ги белките во цврст снег, посебно жолчките со шеќер и ванилин шеќер со постепено додавање вода.

Потоа додајте го брашното, прашокот за пециво и кората од зелениот лимон и лесно измешајте во снегот од белките.

Прочитајте и:  УХМР: Се очекува летово да биде сушно и натпросечно топло

Рерната загрејте ја на 180 степени. Ставете ја подготвената смеса во калап врз хартија за печење. Печете околу десетина минути и оставете да се олади. Оладениот пандишпан исечете го на пола, напрскајте со сок од зелен лимон и рум.

Свежото сирење испасирајте го додека не стане како крем, додајте шеќер, ванилин шеќер, сок и кората од зелениот лимон и шлаг крем. Нанесете ја смесата на првата кора, прекријте со другата и украсете со кришки зелен лимон и ливчиња ментол.

Добар апетит!

- Реклама -