(ФОТО) Поплавени делови на Флорида, Десантис прогласи вонредна состојба

Некои области, вклучително и делови од окрузите Бровард и Мајами-Даде, се изложени на ризик од поплави опасни по живот, соопшти Националната метеоролошка служба, пренесоа британските медиуми

Поплави во Јужна Флорида / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Гувернерот на Флорида Рон Десантис денеска прогласи вонредна состојба во пет јужни окрузи на американската сојузна држава, откако обилните дождови ја поплавија областа каде што живеат повеќе од осум милиони луѓе.

Поплави во Јужна Флорида / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Некои области, вклучително и делови од окрузите Бровард и Мајами-Даде, се изложени на ризик од поплави опасни по живот, соопшти Националната метеоролошка служба, пренесоа британските медиуми.

Не се очекува бурата да стане тропска, но прогнозите покажуваат дека следната сезона ќе има голем број урагани.

Поплави во Јужна Флорида / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Меѓународниот аеродром во Мајами и меѓународниот аеродром Форт Лодердејл-Холивуд вчера откажаа или одложија рекордни 1 200 летови, а проблемите со воздушниот сообраќај се очекува да продолжат и во остатокот од работната недела, јавува Си-ен-ен.

- Реклама -