Мицкоски за војната во Украина: Македонскиот народ е промакедонски, а не проруски

„Треба ние заедно со нашите сојузници да го гледаме нашиот интерес“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ „Сонце“, зборувајќи за руско украинската конфликт.

Мицкоски истакна дека дека македонскиот народ е промакедонски, „а не проруски како што политичарите од власта го делат“, додавајќи дека него лично го интересираат македонските интереси и интересите на македонската држава.

„Јас ги разбирам граѓаните кои што во знак на револт кон овие анационални политики и поради сето она што се случуваше изминатите години (промена на име, насилна промена на власт, узурпирање на власт, многу криминал и корупција, нелегитимен премиер инсталиран) секогаш ќе бидат спротивни во тоа што овие нелегитимни и невлијателни политичари ги рефлектираат во јавноста. И затоа никако не можам да се сложам ниту пак можам да подржам една таква теза дека македонскиот народ бил проруски. Не, македонскиот народ е промакедонски, а тоа што овие политичари немаат ништо македонско во нив, тоа е друг проблем и тоа е суштината“, рече Мицкоски.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

„Мене ме интересираат интересите на мојот народ, на македонскиот народ и на мојата македонска држава. И ме интересира како тоа од 100 македонски граѓани уште половина останаа таму и не можат да си ги донесат тука, а ќе одела Славјанка да војува“, критикуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -