Мицкоски повикува на протести, го „поправи“ и Дачиќ: Само политички аматер може да потпише таков договор (ВИДЕО)

„Ова се историски моменти. Ова се моменти кога се одлучува и за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава. Ова се моменти кога се потврдува тезата дека договори потпишани набрзина, не само што не се решение, туку напротив – самите по себе претставуваат проблем за иднината на Македонија во рамките на ЕУ. Тоа за жал не успеа да го види Зоран Заев и денеска наместо решение истото тоа претставува проблем“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, повикувајќи на масовно учество на утрешниот протест на опозицијата пред Владата од 12:30 до 14 часот, притоа заблагодарувајќи се за досегашната поддршка од граѓаните, која, како што рече, ги мотивира да истраат во борбата против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев.

„Само политички аматер може да потпише договор во кој што критериум за напредокот на Македонија и нејзината интеграција во рамките на ЕУ ќе бидат лингвистичките проблеми и проблемите со историјата“, додаде Мицкоски во вечерашното видео-обраќањето до граѓаните.

„Само политички аматер може во една таква подредена состојба да ја донесе сопствената држава, сопствениот народ и сопствената нација“, истакна тој, алудирајќи, се чини, на изјавата на претседателот на српското собрание Ивица Дачиќ, кој за Заев рече дека „не е политички незнајко“.

„Затоа ве повикувам масовно без разлика на политичката припадност, без разлика на верската и етничката припадност, во текот на утрешниот ден (1 декември н.з.) почнувајќи од 12:30 а завршувајќи во 14 часот, да се приклучиме на протестите кои што се натпартиски, обединувачки и гласно да зборуваме. Гласно да зборуваме против овие погрешни политики на Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

Ја користам оваа прилика, истовремено, да се извинам на моите сограѓани скопјани за можеби сообраќајниот метеж кој што ќе се случува во текот на утрешниот ден. Ве молам имајте разбирање за сето ова кое што денеска го правиме, затоа што ако денеска не успееме, се плашам дали некои идни генерации грешката којашто денеска ќе ја направи Зоран Заев и СДСМ ќе имаат можност да ја поправат.

А до политичарите, сакам една порака да упатам. Немојте да се дрзнете да го чепкате македонскиот идентитет, македонскиот јазик, посебност, македонската историја, традиција, обичаи. Немојте да се дрзнете и да помислите и да се откажете од македонското малцинство кај нашиот источен сосед затоа што таа хартија која што вие ќе ја потпишете е безвредна. Следната Влада, која што ќе биде Влада на единство, истото тоа парче хартија нема намера да го почитува“, порача Мицкоски.

Во Договорот за добрососедство од 2017 година, патем, чисто за потсетување, во точка 5 од членот 11, пишува:

- Реклама -