Дачиќ за изјавата на Заев: Ако Македонија и Бугарија беа толку желни да се прегрнат, немаше да чекаат 2020-та

Заев не е политички незнајко и знае дека неговите неодамнешни изјави за Бугарија не се точни, но потребна му е согласност од Софија за започнување на преговори за членство во ЕУ, оцени претседателот на српското собрание – Ивица Дачиќ.

„Прашањето е колку далеку Заев ќе оди“, истакна Дачиќ за ТВ „Пинк“, во контекст на изјавата на македонскиот премиер дека Југославија ги раздвојувала Македонија и Бугарија и дека во текот на Втората светска војна во Македонија имало некаква бугарска администрација:

„Но немојте бугарската окупација да ја прогласувате за администрација. Бугарите беа на страната на Хитлеровата нацистичка Германија и ние од југот знаеме колку биле тешки бугарските злосторства. Тие (Македонците) со тоа плукаат на својата антифашистичка борба. Еве, Југославија веќе ја нема, што чекате? Ако толку беа желни да се прегрнат, не би чекале до 2020 година“, порача тој.

Прочитајте и:  Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе се знае крајот на процесот

Во однос на Југославија, Дачиќ потенцираше дека иако ја сака, не жали по неа, бидејќи, како што рече, денот кога била создадена бил несреќен ден за српскиот народ.

- Реклама -