Мицкоски и владина делегација се сретнаа со раководството на Дојче Телеком во Бон

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, со владина делегација оствари работна средба во Бон со раководството на Дојче Телеком. Според компанијата, ова е прва официјална посета на македонската влада на Дојче Телеком.

109
Мицкоски и владина делегација се сретнаа со раководството на Дојче Телеком во Бон (Опсервер)
Фото: Опсервер

На средбата со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком, и Доминик Лерој, член на Управниот одбор на компанијата и одговорен за Европа, биле разгледани соработката меѓу двата најголеми акционери во Македонски Телеком, како и можностите за понатамошна дигитална трансформација.

Од Дојче Телеком соопштија дека на разговорите се отвориле теми поврзани со европската конкурентност, безбедноста и дигиталниот суверенитет, а компанијата ги претставила своите капацитети во областа на cloud технологиите, вештачката интелигенција, индустриската вештачка интелигенција и сајбер-безбедноста.

Реклама

Хетгес изјави дека Дојче Телеком повеќе од две децении е присутен на македонскиот пазар и дека заедно со Владата е подготвен да придонесе Македонија да биде дигитално конкурентна. Компанијата наведе и дека преку Македонски Телеком е присутна во земјата повеќе од 25 години, со инвестиции од над 1,19 милијарди евра во инфраструктура и најнови технологии.

Во соопштението се посочува и дека лани бил потпишан меморандум за разбирање меѓу Владата и компанијата, со цел конкретни активности за дигитална трансформација и просперитет на земјата.