Мбапе се огласи по повредата против Мароко: „Се чувствувам добро“

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе испрати охрабрувачка порака до навивачите по повредата што ја заработи во четвртфиналниот натпревар против Мароко на Светското првенство 2026.

Франција успеа да се пласира во полуфиналето со победа од 2:0, а Мбапе беше еден од стрелците, постигнувајќи гол во 60. минута. Вториот гол го реализираше Усман Дембеле шест минути подоцна.

Во 76. минута, додека играта се одвиваше на половината на противникот, Мбапе легна на тревникот и побара лекарска помош. Напаѓачот беше заменет во 77. минута со Жан-Филип Матета, што предизвика загриженост кај француските навивачи пред полуфиналето.

Сепак, Мбапе самиот го напушти теренот, поздравувајќи ја публиката, а подоцна беше забележан на клупата со лед на десниот зглоб.

По натпреварот, фудбалерот на Реал Мадрид во изјава за француската телевизија М6 кратко рече:

„Добро сум.“

Со оваа порака, тој ги смири стравувањата дека повредата би можела да го спречи да настапи во полуфиналето на Светското првенство.