Ракометарите на Металург со предност од шест голови ќе патуваат во Копенхаген на осминафиналниот реванш во Лигата на шампиони, откако во првиот меч го совладаа Колдинг со 23:17 (14:9).
Во тимската победа на Металург се издвоија Ренато Вугринец со 13 голови и Дарко Станиќ кој имаше 14 успешни интервенции.
Она што во најавата за овој меч го кажа тренерот на Металург, Лино Червар, дека одбраните ќе го решава победникот, потврда доби уште во воведните минути.
Играчите на Металург одиграа речиси совршено во одбраната во првите 20.минути, кога на противникот му дозволија да постигне само четири голови. Во исто време, во нападот играчите на Металург успеаја да ја развлечата зоната на противникот и волглавно преку Вугринец да создаваат чисти позиции за удар.
Таквата игра на Металург по 20.минути му донесе предност од 11:4. Наместо во тит моменти да го нокаутираат противникот, домашните играчи со неколку технички грешки во нападот во периодот од 21. до 28.минута му дозволија на Колдонг со серија од 1:5, да фати приклучок.
Сепак до крајот на полувремето, Вугринец реализира седмерец, а Ѓеоргиевски погоди од десно крило па Металург со предност од пет голови замина на одмор.
Серијата започната во поледните две минути од првото полувреме, Металург ја продолжи и во вториот дел, кога во 33.минута ја врати максималната предност од седум голови (16:9).
Предноста од седум голови (18:11, 19:12, 20:13) Металург ја одржуваше до 50.минута, кога со две технички грешки му дозволија на Колдниг од две полуконтри да намали на негатива од пет гола (20:15).
Металург бргу ја надмина кризата, со серија од 3:1 во 56.минута стигна до 23:16. Во моментите кога ја вратија максималната предност, домашните играчи останаа без двајца ракометари во поле (исклучени беа Атман и Георгиевски).
Колдинг постигна еден гол со играч повеќе (Лаен) и напад во последната минута кој не го реализираа неговите играчи, а во контранападот Герогиевски беше фаулиран од Рокас, но судиите не досудија фаул.
Реваншот во Копенхаген ќе се одигра на 30.март.