„Пендаровски нема еден став кој го кажал и задржал. Додека власта на СДС и ДУИ зад сцена преговараа со Бугарија, Пендаровски глумеше патриот и ја замајуваше јавноста. Пендаровски тврдеше дека никој од бугарска страна не барал промена на Уставот на Македонија. Тој отиде и чекор понатаму и кажа дека е вон памет да се разговара за било каква промена на устав или анекс на договорот со Бугарија“, истакна денеска на прес-конференција пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
„Не само што Бугарија побара промена на Уставот, а владата и Пендаровски прифатија, туку истите активно се вклучија во кампања да ја убедуваат јавноста зошто треба да се промени Уставот.
Пендаровски лично е главен застапник на идејата за промена на Уставот, и лично кажа дека токму тој е човекот кој го преговарал анексот како што сам го нарекува, т.е. бугарскиот диктат“, рече Лефков.
„Кога Пендаровски лажеше, кога тврдеше дека вон памет е да се менува Уставот или сега кога е главен лобист за промена на Уставот? Има ли Пендаровски став кој не го погазил? Останал ли човекот автентичен во нешто друго освен во лагата?
И самиот Стево Пендаровски знае дека лаже, манипулира и нема достоинство. И самиот Пендаровски е свесен дека нема да биде избран повторно, затоа што народот не поддржува политичари кои манипулираат со националните чувства и ги распродаваат.
Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, заклучи Лефков.