Кина нема да воведе санкции за Русија поради Украина

Пекинг, 2 март 2022 (МИА) – Кина нема да се приклучи кон финансиските санкции што САД и ЕУ ги воведоа против Русија, соопшти денеска кинеската банкарска регулаторна комисија.

Претседателот на кинеската регулаторна комисија за банкарство и осигурување, Гуо Шукинг изјави дека официјален Пекинг е против воведувањето санкции.

„Ние нема да се приклучиме на таквите санкции и ќе одржиме нормална економска, трговска и финансиска размена со сите релевантни страни“, истакна Гуо на прес-конференција.

Тој додаде дека Кина не ги одобрува финансиските санкции, особено оние наметнати еднострано, „бидејќи тие немаат правна основа и нема да имаат добри ефекти“.

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)
- Реклама -