Карни: ЕУ и Канада ќе го дефинираат придружното членство до средината на следната година

Канада и Европската нија ќе го дефинираат обемот на „новата форма“ на членство во европскиот блок и Канада како нејзина прва „придружна членка“ во наредните месеци, изјави во петокот канадскиот премиер Марк Карни.

5
Карни: ЕУ и Канада ќе го дефинираат придружното членство до средината на следната година
Фото: Нетпрес

Карни и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го објавија „придружното членство“ на Канада во Европската унија во Стразбур во септември, статус што во моментов не постои во рамките на системот на ЕУ.

Терминот создаде голем раздор меѓу земјите-членки на ЕУ што дури и не беше споменат во завршната изјава на самитот Канада-ЕУ одржан во Монтреал.

Реклама

Карни рече дека Канада и ЕУ започнуваат „сојуз за иднината“ фокусиран на отпорност во области како што се вештачката интелигенција, енергијата и клучните минерали.

„Работиме на постигнување на најдлабоко можно партнерство кое не вклучува полноправно членство“, рече канадскиот премиер додавајќи дека тоа ќе резултира со тоа „Канада да стане првата придружна членка на Европската унија“.

Во заедничката изјава издадена на крајот од самитот, канадските и европските лидери нагласија „непоколеблива посветеност на ефективен мултилатерализам, демократија и меѓународен поредок базиран на правила“.

Во соопштението се вели дека Канада и ЕУ ќе работат заедно за решавање на конфликтите во Украина и на Блискиот исток и продлабочување на безбедносните врски во други региони, вклучително и Арктикот.

Реклама

Американскиот претседател Доналд Трамп, застапник на засебни договори со секоја замја и на трансакциски пристап кон надворешната политика, минатиот месец се закани со потенцијални трговски санкции како одговор на предлогот на фон дер Лајен за нов статус на односите ЕУ-Канада.

Во соопштението од Отава и Брисел, исто така, се забележува дека преговорите за нов дигитален трговски договор се завршени, кој ќе го надополни постојниот сеопфатен трговски договор меѓу Канада и Европската Унија.

Карни себеси сака да се претстави какои „најевропскиот“ челник надвор од Европа. Поранешниот гувернер на канадската а потоа и на британската централна банка, поседуваше и ирски и британски пасош сè до доаѓањето на власт во 2025 година.

На почетокот на 2025 година, тој го привлече вниманието на светската јавност со говор во кој го најави „крајот на ерата на геополитичката наивност“ и повика на „обединување на средните сили“ за да бидат „на масата, а не на менито“ – придружното членство се смета за прв чекор во оваа насока.