Како да препознаете лажни реклами

Производи Сигурно ви е важно дали храната која ја конзумирате е здрава. Но, како можете да знаете дали она што го пишува на етикетите од производите е вистина или само празни зборови кои треба да ве натераат да ги купите. Не секој производ е толку „пријателски расположени кон околината“, „зелени“ или „природни“. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги препознаете лажните реклами.

Сигурно ви е важно дали храната која ја конзумирате е здрава. Но, како можете да знаете дали она што го пишува на етикетите од производите е вистина или само празни зборови кои треба да ве натераат да ги купите. Не секој производ е толку „пријателски расположени кон околината“, „зелени“ или „природни“. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги препознаете лажните реклами:

ПроизводиЗборовите се најважни! Читајте ги етикетите внимателно. Побарајте специфични информации, наместо да им верувате на оние општите. Следниве тврдења се горе-долу безначајни, зашто се премногу бледи, нејасни и никогаш нема да дознаете што всушност сакаат да ви кажат:
– Природен,
– хипоалергенски,
– нетоксичен,
– безмирисен (без додадени ароми),
– без хормони,
– без антибиотици,
– еколошки,
– зелен.
Ваквите тврдења се многу чести. Ланската година, приближно 33% од сите производи класифицирани како храна или пијалок, содржеле етикета: „природен“.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Кога купувате, треба да побарате поспецифични детали за производот, но и тогаш не можете да бидете 100% сигурни, зашто многу често никој не ги проверува тврдењата. Но, за секој случај, следниве зборови се оние што треба да ги побарате:
– Направен од користена, рециклирана хартија,
– без формалдехид,
– без адитиви,
– без животински нус производи,
– без презервативи,
– без фосфати.

Побарајте некој вид доказ на етикетата!
Обично, без разлика од која држава доаѓа производот, постои надлежна институција која го контролира квалитетот, врши тестови и во суштина, го потврдува составот, гарантира за веродостојноста на етикетите. Производите кои минувааат низ процесот на тестирање, обично имаат лого од институцијата која го прави тоа или во најмала рака мал текст кој ви потврдува. Затоа, внимателно.

- Реклама -