Исповест на преживеаниот камиказе: Мислев дека ми е последниот лет!

За време на војната загинаа околу 4.000 пилоти, а повеќе од 7.000 морнари беа убиени во нападите на камиказите
Камиказите (божествен или духовен ветер) беа дел од јапонските единици за специјални армиски напади.

Ова се пилоти кои започнаа да изведуваат самоубиствени напади во име на Јапонското царство против сојузничките поморски бродови во завршната фаза од Пацифичката кампања од Втората светска војна.

Нивната цел беше поефикасно уништување на воените бродови отколку што тоа било можно да се постигне со конвенционалните воздушни напади.

Во текот на војната загинаа околу 4.000 пилоти а повеќе од 7.000 морнари беа убиени во нападите на камиказите. Повеќето пилоти биле помеѓу 17 и 24 години.

Кеичи Кувахара (91) е еден од ретките преживеани.

– Додека летав, мислев дека ова е последен ден од мојот живот.

Одеднаш слушнав дека моторот произведува чудни звуци, а потоа се појави и црн чад. Сватив дека моторот ми откажа, а во таква ситуација прашање е дали ќе ја погодам целта, па затоа морав принудно да слетам, односно да се откажам од самоубиствениот напад.

На ова, потсвесно се надевав и го посакував, бев пресреќен што ќе се вратам здрав и жив, а истовремено ми беше и премногу страв поради тоа „Што ќе кажат другите“?

Што претставуваат денес камиказите за младите во Јапонија?

Некои сметаат дека тоа е сосема бесмислено, други пак се гордеат со камиказите и сметаат дека овие луѓе покажале огромна храброст, на трети пак воопшто не им се разговара на темава бидејќи целата ситуација ја гледаат како ирационална.

Од друга страна пак сите се едногласни  во муабетот дека доколку денес Јапонија е во војна, тие не би се согласиле на оваа самоубиствена мисија.
Кеичи Кувахара смета дека оние кои загинале за својата земја се вистински херои.
– Сепак можеа да имаат долг и исполнет живот по војната, баш како мојов. Она што се бараше од нив беше грешка, тоа не смееше да се случи.

Страшно е што нивните животи завршија вака …
Погледнете го видеото:

https://www.facebook.com/bbcnews/videos/10155384040967217/

- Реклама -