Искривена слика за Европа?

intro_bugarija.jpg Оригиналната идеја за Ентропа беше да се ангажираат 27 уметници, но задолжениот тим реши да создаде фиктивни личности кои националните стереотипи на земјите членки на ЕУ ќе ги претворат во уметност. Чешкиот уметник David Cerny не ги информирал надлежните и овој политички некоректен проект ја збуни Европа и ја натера да се погледне во едно крајно непријатно огледало. Гордата Бугарија крена најголема паника затоа што беше претставена како чучавец. Погледнете ги и останатите држави.


Оригиналната
идеја за скулптурата Ентропа беше да се ангажираат 27 уметници, но задолжениот тим реши да
создаде фиктивни личности кои националните стереотипи на земјите членки
на ЕУ ќе ги претворат во уметност. Чешкиот уметник David Cerny не ги
информирал надлежните и овој политички некоректен проект ја збуни
Европа и ја натера да се погледне во едно крајно непријатно огледало.
Гордата Бугарија крена најголема паника затоа што беше претставена како
чучавец. Погледнете ги и останатите држави.

Иако контроверзниот скулптор бил свесен дека целата работа ќе изезе на
виделина, вели дека прво сакал да провери дали Европа може да се насмее
на своја сметка.

Бугарија е згрозена поради имиџот на куп „турски“ wc-иња, односно чучавци
Прочитајте и:  Туск: Полска ќе потпише билатерален договор за безбедност со Украина пред самитот на НАТО во Вашингтон
bugarija.jpg

Шпанија е опишана како огромно градилиште
shpanija.jpg

Од потонатата Холандија се гледаат само врвовите на џамиите
holandija.jpg

Полска е составена од група католички свештеници со знамето на геј заедницата претставени во манирот на славната фотографија на американските трупи кај Iwo Jima
polska.jpg

Италија е огромен фудбалски терен каде играчите ги држат топките на своите интимни делови. Измислениот италијански уметник зборува за автоеротски систем на сензационалистички спектакл без најава за кулминација“.
italija.jpg

Романија е изедначена со замокот на Дракула, а измислениот уметник а својата земја вели дека „Ние сме држава што е пресиромашна за да ја поддржи сопствената култура, но пребогата за да прими помош од развиените земји“
romanija.jpg

Унгарскиот (измислен секако) уметник „пуши и пцуе“, а вака ја гледа својата татковина
ungarija.jpg

Данска е лего – земја
danska.jpg

Германија е закочена од сообраќајот, но некои веднаш во поставеноста на патиштата ја препознаа свастиката
germanija.jpg

Луксембург е парче злато ставено на продажба
luksemburg.jpg

Паролата „ШТРАЈК“ ја прекрива Франција
francija.jpg

Целата мапа на Европа
skulpturata.jpg
skulpturata2.jpg

- Реклама -